1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Терористички напад во француска фабрика

ЖА/дв/дпа/афп26 јуни 2015

Во наводен исламистички напад во Франција е убиено едно лице, а повеќе други се ранети. Кратко потоа се уапсени две лица во врска со нападот.

Фотографија: Getty Images/AFP/P. Desmazes

Во округот на фабрика за гас во Сен Кантен Фалавиен, во близина на францускиот град Лион, во наводен џихадистички напад денеска е убиено едно лице, а неколку се повредени.

Наводните убијци, според полициски извори, со возило насилно влегле во дворот на фабриката. Прво беше уапсен еден осомничен за убиството, кој претходно и‘ бил познат на полицијата. Потоа бил уапсен и втор осомничен кој веројатно го возел автомобилот-бомба, што експлодира во фабриката за гас во Сен Кантен Фалавие, а кратко потоа и сопругата на првоуапсениот. Нападот бил извршен од 35-годишен маж со име Јасин Сали, изјави францускиот министер за надворешни работи Бернар Казенев. Напаѓачот бил познат на специјалните служби, кои го поврзувале со салафистички кругови, но не бил апсен поради кривично дело. Тој фигурирал во базата на податоци на разузнавањето како радикализирано лице, но немал судско досие, додаде Казенев. Осомничениот успеал да убие и да обезглави едно лице, да повреди двајца и да ги крене во воздух плинските боци, складирани во фабриката.

Во моментов се идентификува телото со отсечена глава, изјави Казенев. Главата на трупот на убиениот човек била поставена на ограда на фабриката, а покрај неа имало текст на арапски јазик. Во фабричкиот округ полицијата пронашла и исламистичко знаме.

„Нема сомневање за терористичкиот карактер на атентатот, откако беа пронајдени натписи на отсечената главата,“ изјави францускиот претседател Франсоа Оланд, кој притоа даде повеќе детали за нападот.

„Автомобил возен од едно лице, можеби придружувано од друго, со голема брзина упаднал во фабриката класифицирана како чувствителна фабрика, со оглед дека произведува и чува експлозивни и запалливи материи. За намерата на напаѓачите нема сомневања: предизвикување на експлозија од терористички карактер“, рече Оланд.

Терористичкиот напад следува шест месеци откако исламисти убија 12 новинари во канцеларијата на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ во Париз.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми