1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамАфрика

Терористички напад врз хотел во Могадишу

Улрике Кваст
17 август 2020

Во голем напад врз хотел во сомалискиот главен град Могадишу загинаа најмалку 15 лица. Хотелот е омилено место за средби и на политичари и новинари.

Somalia, Mogadischu I Terrorangriff auf Hotel
Во нападот има најмалку 15 загинати и голем број повредени лицаФотографија: picture-alliance/dpa/F. Warsameh

Нападот почнал со активирање на автомобил бомба од страна на атентатор самоубиец пред влезот на луксузниот хотел Елит, соопштија полицијата и портпарол на сомалиската влада. Потоа најмалку петмина вооружени екстремисти се втурнале во зградата на четири ката. Следувала престрелка со безбедносните сили во траење од неколку часа.

Во нападот се убиени најмалку 15 лица, меѓу кои и сите петмина напаѓачи. Меѓу жртвите, како што се вели од полициски извори, има и вработени во владата, припадници на службата за обезбедување на хотелот и цивили. Бројот на повредени е голем, изјави шефот на локалната амбуланта.

Одговорност за нападот презеде исламистичката милиција Ал Шабаб. Оваа терористичка група има врски со терористичката мрежа Ал Каеда и се бори против меѓународно признатата влада во Могадишу, притоа изведувајќи постојано напади во главниот град на Сомалија. Претседателот на земјата Мохамед Абдулахи Фармајо најостро го осуди нападот и оцени дека терористите сакаат да предизвикаат очај, но дека нема да успеат во сеењето страв.

Фотографија: picture-alliance/AA/S. Mohamed

Фундаменталистите во сиромашната земја на Рогот на Африка со години се борат за превласт и контролираат големи делови од југот и централниот дел на земјата. Владата во својата борба против Ал шабаб има поддршка од американската армија и трупи на Африканската Унија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми