1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Теророт во Истанбул го носи потписот на Исламска држава

СН/дпа/ртр/афп/АПЕ29 јуни 2016

Во самоубиствени бомбашки напади на интернационалниот аеродром во Истанбул загинаа најмалку 36 луѓе. Светските лидери се ужаснати, а турскиот претседател Ердоган повика на заедничка борба против тероризмот.

Фотографија: Reuters/O. Orsal

Неколкумина бомбаши самоубијци предизвикаа крвопролевање на аеродромот Ататурк во Истанбул- таму каде што доаѓаат странските патници. Полицајците отвориле оган против напаѓачите, кога тие се приближиле до безбедносната контрола на меѓународниот терминал на аеродромот Ататурк, соопштија претставници на властите и очевидци за светските новински агенции. Напаѓачите пукале окулу себе со автоматско оружје и потоа ги активирале експлозивните направи.

Вкупно тројца бомбаши самоубијци се разнеле, соопшти гуверенерот на Истанбул, Васип Шахин. Премиерот на Турција Бинали Јилдирим при посетата на местото на злосторството, соопшти дека атентаторите со себе во смрт однеле 36 луѓе а повредени се уште 147. За националноста на жртвите досега нема подетални информации. Според Јилдирим меѓу жртвите има како Турци така и странски државјани.

Првичните индиции упатуваат на тоа дека зад нападот стои терористичката милиција Исламска држава, рече Јилдирим. По нападите беше прекината работата на аеродромот Ататурк. Авиони од целиот свет беа пренасочени на други турски аеродроми. Аеродромот Ататаурк се наоѓа во европскиот дел од Истанбул и е најголем во земјата.

Ужаснатост од бруталниот терор

Германската канцеларка Ангела Меркел им изрази сочувство на жртвите од нападите и на нивните семејства. Таа на маргините на самитот на ЕУ во Брисел истакна дека е потресена од „овој нов и подмолен терористички акт“. Според наводите на германското министерство за надворешни работи нема укажувања за германски жртви во нападите.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, побара извршителите и нивните помагачи да бидат идентификувани и да бидат казнети.

Нападите инаку се случија во момент кога на аеродромот слетуваше авионот на албанскиот премиер Еди Рама, кој пристигнуваше во официјална посета на Турција. Тој подоцна бил пренесен на безбедна локација.

Фотографија: Reuters

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го осуди терористичкиот напад и го повика светот на решително дејствување против терористичката закана. Тој неговиот апел посебно го насочи кон западните држави: „Се надевам дека нападот на истанбулскиот аеродром ќе биде пресвртна точка за заедничката борба против терористичките организации. Нападот не е насочен само кон 79 милиони Турци туку кон сите граѓани на планетата“, изјави Ердоган.

Фракција на ПКК или Исламска држава?

Во Турција годинава веќе беа извршени повеќе самоубиствени напади. Западни безбедносни кругови претпоставуваат дека ад најновиот напад стои или ТАК- радикалната курдска групација за која се смета дека е блиска до забранетата Курдска работничка партија (ПКК) или пак терористичката милиција Исламска држава. (ИД)

Фотографија: Reuters/O. Orsal

Пред три недели при напад на ТАК во центарот на Истанбул загинаа 11 лица. Атентатот од 7. јуни е трет тежок напад во центарот на турската метропола од почетокот на годинава. ТАК инаку ги педупреди и странските туристи да не ја посетуваат Турција. Во самоубиствен бомбашки напад на Исламска држава во јануари во центарот на Истанбул, загинаа 12 германски туристи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми