1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тесна победа на Германија над Алжир

АТ/ миа1 јули 2014

Германската репрезентација се квалификуваше за четвртфиналето на СП и покрај слабиот учинок. Голманот Мануел Нојер и стрелецот Андре Ширле го спасија германскиот тим од испаѓање. Следниот противник е Франција.

Фотографија: Reuters

Репрезентацијата на Германија иако важеше за голем фаворит на дуелот со Алжир, дури по продолженија извојува победа и се пласира во четвртфиналето од Светското фудбалско првенство.

На синоќешниот дуел одигран во Бразилија во регуларните 90 минути немаше погодоци, а во продолженијата од два пати по 15 минути мрежите три пати се тресеа. Германија имаше поголем посед на топката и се обидуваше најчесто со удари од далечина да го загрози противничкиот гол. Алжир даде силен отпор и се закануваше преку контранапади. Сепак за првиот гол се чекаа продолженијата.

Андре Ширле во 92. минута им донесе водство на „панцирите“, а Месут Озил во 120.минута ја потврди победата. Алжирците со голот на Абделмумене Џабу во 120+1.минута само го ублажија поразот.

Алжир загуби по продолжувањетоФотографија: Reuters

По оваа победа Германија ја очекува четвртфинална пресметка со Франција в петок на 4 јули.

Франција беше петтата репрезентација која обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство во Бразил. „Триколорите“ во осминафиналниот натпревар ја совладаа селекцијата на Нигерија со 2:0.

Вечерва на СП се последните два осминафинални натпревара: Аргентина -Швајцарија (18 часот) и Белгија - САД (22 часот).

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми