Пандемија: Тест-хаос на границата помеѓу Германија и Полска
Агњешка Хречук
26 март 2021
Германија ги заостри правилата за влез во земјата. За прекугранични патници, кои работат во Германија, ова значи часови на чекање за тест, но исто така и дополнителни трошоци и проблеми.
Реклама
Мостот во Франкфурт на Одра, кој е всушност граница меѓу Германија и Полска, на почетокот на неделава - долга редица пред Центарот за тестирање (на фотографијата), која се протега сѐ до населбата на полската страна на границата. Среќа, вели Томаж, времето е убаво. Да паѓа дожд, би имале негативен резултат на тестот на коронавирусот, но сигурно би настинале, вели тој.
Томаж со неговата сестра Јоана работи во еден магацин во германскиот главен град Берлин и секојдневно патува на релацијата Берлин - Слубице. Исто како и 70.000 други луѓе во германско-полското погранично подрачје. Нивните животи се закомпликуваа откако германската влада минатата недела ја означи Полска како високоризичен регион кога станува збор за коронавирусот. Оттогаш, Полјаците кои работат во Германија мораат на граница да покажат негативен тест на коронавирусот.
Германската сојузна покраина Мекленбург Предна Померанија ја воведе оваа уредба уште во средината на март и веќе тогаш постави два центри за тестирање на (некогашните) граничните премини. Сега сојузната покраина Бранденбург би требало да го следи овој пример.
Поставените шест центри за проверка на патниците веднаш на границата требаше да го олеснат влезот во Германија. Меѓутоа, во понеделникот се отворени само 3 центри: во Франкфурт на Одра, на автопатот А12 во близина на преминот Швијецко и во Губен. Ковид-центарот за тестирање на граничниот мост во Франкфурт на Одра почна со работа во понеделникот во 7 часот наутро. Патниците кои требаа да ја поминат границата, стоеја во редица веќе во 5 часот наутро, со надеж дека навреме ќе стигнат на работа.
Кој ги сноси трошоците?
Томаж се јавил во својата фирма веднаш откако застанал во редот. „Беше јасно дека немаме ни теоретски шанси да стигнеме навреме на работа во својата смена“, вели тој. Неговиот шеф имал разбирање. Томаж не му кажал оти тоа би можело да се случува почесто во иднина. Сите кои ја поминуваат границата и патуваат во сојузните покраини Бранденбург и Саксонија мораат да се тестираат двапати неделно, а оние кои влегуваат во покраината Мекленбург Предна Померанија на секои 48 часа.
Во Берлин во моментов не постојат посебни прописи за прекуграничниот промет на патници, но при влезот во земјата мора да се покаже резултат од тест кој не е постар од 48 часа. „800 злоти месечно (190 евра) мора да се платат за тест, притоа никој не знае колку долго ќе се чека во редица“, вели очајно Томаж. Владата во Бранденбург најави дека таа ќе ги плати трошоците за тестовите, но досега не се обврза и службено на тоа. Затоа сите оние кои се тестираа во понеделникот мораа сами да платат 100 злоти, односно 23 евра.
„Л4“ е полски збор за боледување, кој во понеделникот често можеше да се слушне меѓу луѓето кои чекаа во редицата. Само мал број од нив веруваат дека може да се избегне тестирањето. Неколку метри подолу, на мостот има и полициска станица. Полицајците ги контролираат патниците во секој автомобил. Кој нема тест, мора да се врати назад.
Некои луѓе ги паркираа автомобилите на полската страна, а потоа одеа да се тестираат. Исто како и Пјотр и Марчин, кои работат во близината на холандската граница и наредниот ден мораат да одат на работа. „Не нѐ пуштија во Германија иако имавме договор со работодавачот“, се жалат. Но, немаат друг избор освен и тие да застанат во редицата. Владее хаос и збрка. Така на тоа гледа и Серен Белман.
Пандемија: Животот свртен на глава
Пред нешто повеќе од една година мистериозен нов коронавирус започна да се шири низ светот. Денес, бројот на заразени во пандемијата е над 100 милиони, а секојдневието на луѓето ширум планетата е драматично променето.
Фотографија: Flaming Lips/Warner Music/REUTERS
Колективно физичко дистанцирање
Сингапур има многу ниски стапки на инфекции со коронавирусот од октомври досега. Набљудувачите ја фалат оваа град-држава во југоисточна Азија за одржување на вирусот под контрола со внимателно следење на нејзините граѓани, делумно со апликацијата за задолжително следење. Падот на инфекциите значи дека локалното население може да посетува кино на отворено - под услов да се одржува физичка дистанца.
Фотографија: Edgar Su/REUTERS
Во Јужна Африка се шири страв
Јужна Африка е најтешко погодената африканска земја од пандемијата на коронавирусот. Овој пациент во болница во близина на Кејп Таун е еден од 1,4 милиони граѓани кои се заразени со Ковид-19. Новата варијанта на коронавирусот, позната како B.1.351 или 501Y.V2, само го зголеми стравот. Исто како и новата варијанта на британскиот вирус, се смета дека оваа јужноафриканска мутација е многу позаразна.
Фотографија: Rodger Bosch/AFP/Getty Images
„Социјално дистанцирање на сонце“
Со зголемените летни температури, многу Австралијци се во можност да уживаат во освежително пливање во океанот. Поставени се знаци за да ги потсетат посетителите на плажите да држат дистанца додека уживаат во сонцето, во обид да се спречи нов пораст на инфекции. Австралија забележа значително намалување на бројот нови случаи од септември наваму.
Фотографија: Bai Xuefei/Xinhua/imago images
Болка поради оние кои починаа
Келвија Андреа Гонкалвес (16) плаче на гробот на нејзината мајка во бразилскиот град Манаус - Андреа дос Реис Брасао почина на само 39-годишна возраст. Таа е една од безбројните жртви од Ковид-19 во градот кој остана без неопходниот кислород. Многу луѓе го обвинуваат екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро за мрачната состојба во земјата. Во Бразил од вирусот починаа над 221.000 лица.
Фотографија: Bruno Kelly/REUTERS
Што е сигурно е сигурно?
Во Хонг Конг, властите оградија цели населби без предупредување како одговор на ненадејниот пораст на инфекциите. Градот, посебен административен регион на Кина, наметна слични драконски мерки за спречување на епидемијата на вирусот како оние кои беа во сила во Кина. До неодамна, стапките на инфекции тука беа многу ниски.
Фотографија: Tyrone Siu/REUTERS
Танцување во сопствен меур
Американскиот рок-бенд The Flaming Lips смисли начин како да организира концерти со физичка дистанца: на неодамнешниот концерт во Оклахома Сити, бендот ја замоли публиката да влезе во пластични меури кои се надувуваат. На овој начин, тие можеа да се танцуваат додека безбедно се изолирани во сопствени меури. Публиката дури можеше да го држи на раце и фронтменот Вејн Којн кој се стркала од сцената.
Фотографија: Flaming Lips/Warner Music/REUTERS
Цркви претворени во центри за вакцинација
Многу цркви во моментов се затворени поради пандемијата, па местата за богослужба се претвораат во центри за итна вакцинација- како тука во катедралата Лихфилд, во близината на Бирмингем, Англија. За разлика од земјите во ЕУ кои во моментов се соочуваат со недостиг на вакцини против Ковид-19, Велика Британија редовно се снабдува со дози.
Фотографија: Carl Recine/REUTERS
Светло на крајот од тунелот
Ејми Езат подготвува торта во форма на вакцина која треба да се дистрибуира меѓу пациентите со Ковид-19 кои се лекуваат во болницата во Каиро. Египет се бори да ја активира својата кампања за имунизација низ целата земја. Сепак, на многумина можноста да се вакцинираат против коронавирусот им дава огромно чувство на надеж.
Фотографија: Hanaa Habib/REUTERS
8 фотографии1 | 8
Тој е шеф на Канцеларијата на градската управа за соработка Франкфурт-Слубице. „Оваа ситуација претставува оптоварување за градот“, вели тој. Над 2.000 полски работници или студенти секојдневно доаѓаат во Франкфурт на Одра. Влошувањето на епидемиолошката ситуација во Полска не е изненадување, вели Белман. „Германската страна можеше подобро да се подготви. Имаше време да размисли како да ги организира тестовите за да се избегнат долгите редици и да се разјасни кој ги финансира тестовите за корона“, додава тој. Тоа не е разјаснето. „Всушност тоа е работа на државата, а не на градот, кој тука ништо не може да стори, но градот е тој кој ги сноси последиците“, вели Белман.
Ќе исчезнат ли редиците?
Томаж и неговата сестра конечно направија тест за коронавирусот откако чекаа повеќе од 5 часа во редица. По 15 минути стигна и резултатот - тестот е негативен на коронавирусот. За наредниот ден тоа значи дека двајцата сигурно и навреме ќе стигнат во Берлин. Што ќе биде потоа - никој не знае.
На почетокот на неделата владата во Бранденбург потврди дека лицата кои плаќаат придонеси за социјално осигурување во оваа покраина, можат бесплатно да се тестираат еднаш неделно, како во државните Центри за тестирање, така и кај својот работодавач - ако тој нуди такви тестови. Сите кои работат во Берлин, ќе мораат сами да ги платат трошоците за тестирање. Наскоро на границата со Бранденбург ќе се „инсталираат“ уште три центри за тестирање. Серен Белман се надева дека редиците ќе исчезнат благодарејќи на новите центри и фактот дека Полјаците, кои работат во Бранденбург, ќе можат да ги прават тестовите кај своите работодавачи. Тој се надева и оти Полјаците нема да земаат боледување. „Тоа би имало кобни последици за регионот“, вели Белман.
Бегство од зачмаеноста на пандемијата
Коронавирусот ја доведе глобалната индустрија за патувања во ќорсокак. И покрај ограничувањата, некои патници повторно ги пакуваат куферите и се упатуваат кон региони кои ветуваат безбедност и одмор од Ковид.
Фотографија: Nikolai Okhitin/Zoonar/picture alliance
Исланд
Островот во Северен Атлантик со своите водопади, вулкани и глечери е подготвен за туристите. Љубителите на природата и авантуристите можат да патуваат таму во согласност со прописите за коронавирусот. Исланд е една од ретките земји во Европа која дозволува влез за вакцинирани лица и лица кои се опоравиле од од Ковид-19, без потреба од тестирање и карантин.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Trumpf
Ла Палма, Шпанија
Канарскиот остров Ла Палма е речиси без заболени со коронавирусот. Туристите кои патуваат од Германија теоретски можат да влезат со негативен ПЦР тест, но во моментов нема многу летови за Ла Палма, бидејќи е дел од Шпанија, која е земја со висок ризик. Хотелиерите и агентите за изнајмување недвижности се надеваат дека состојбата ќе се подобри од март.
Ограничувањата за патување во Занзибар беа укинати уште во јуни 2020 година. Патниците од повеќето земји можат да влезат без ПЦР-тест, формулар за влез или карантин. На островот, кој ѝ припаѓа на Танзанија, нема ограничувања, рестораните се отворени, а се одржуваат забави и концерти. На крајот на март, Луфтханза за првпат планира да понуди директни летови до островот на задоволствата.
Фотографија: picture alliance / blickwinkel/M
Руанда
Туристите ја посетуваат Руанда за да видат планински горили. При влегување мора да се покаже негативен ПЦР-тест и да се направи дополнителен тест локално. По седум дена во карантин на туристите им е дозволено да одат на сафари и да ги видат горилите под строги хигиенски услови. Мерките на претпазливост се покажаа ефикасни. Германија никогаш ја нема ставено Руанда на листата на ризични области.
Фотографија: Felipe Dana/AP Photo/picture alliance
Сејшели
Архипелагот крај источниот брег на Африка мами со белите песочни плажи, тиркизно синото море и со бујните палми. Од јануари, секој може да влезе во земјата ако има сертификат за вакцинација против Ковид-19 и со негативен ПЦР- тест направен во рок од 72 часа. Нема потреба од карантин. Одморот може да започне веднаш. Сепак, бидејќи Сејшели се ризична област, повратниците мора да одат во карантин.
Островската земја во Индискиот Океан бележи зголемување на стапката на инфекции од декември и се смета за ризична област. Според правилата од јули 2020, туристите можат да влезат со негативен тест, но нивниот престој останува ограничен на однапред резервирано одморалиште. Со оглед на луксузните објекти во хотелските комплекси, туристите се прилично подготвени да ги прифатат овие ограничувања.
Фотографија: Sergi Reboredo/picture alliance
Тајланд
Ниските стапки на инфекција значат дека патувањето во Тајланд не е забрането тукусамо не се препорачува. По пристигнувањето и на сопствен трошок, патниците мора да поминат строг карантин во траење од 14 дена во објект за изолација (обично хотел) кој е одобрен од владата и да направат неколку тестови за Ковид-19. Само тогаш тие можат слободно да се движат во земјата.
Работа на вашиот лаптоп пред да скокнете во базен, или обратно? Ако не можете да престанете да работите, можете да „работите од дома“ во далечните земји. Туристичките агенции во неколку земји, како на холандскиот карипски остров Аруба (на сликата) ја препознаа можноста и нудат опции за работа и одмор за туристите. И тука, се разбира, мора да се внимава на актуелните корона-рестрикции.
Дубаи до декември, се сметаше за место без Ковид-19, но од 24 јануар се смета за област со висок ризик. Емиратот донесе влијателни инфлуенсери и познати личности во земјата, а туристите ги следеа, откако сликите на безгрижни забави крај базен го обиколија целиот свет. Сега баровите и пабовите се затворени, ограничувањата се применуваат во трговските центри и во рестораните.
Фотографија: Udo Bernhart/dpa/picture alliance
Туристички крстосувања
Индустријата за туристичко крстосување ги врбува муштериите со тоа што нуди најголема можна безбедност. Ова значи пониски стапки на посетеност на пловните објекти, физичка дистанца на бродот, задолжително носење маски, дневни проверки на температурата, контролирани екскурзии на брегот... Но, оваа релаксација доаѓа со ограничувања, бидејќи коронавирусот исто така знае како да патува.