1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тест на издржливост за САД

Инес Пол/ превод:сн13 јуни 2016

Терористите со своите напади сакаат да ги уништат нашите отворени општества, смета Инес Пол во својот коментар за нападот во Орландо. Ќе успее ли Америка да не падне во стапицата на терористите?

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P. M. Ebenhack

Терористите со своите напади секогаш сакаат да постигнат две цели: да ги убијат своите жртви и да ги уништат нашите отворени општества. Затоа нападот на ноќниот клуб во Орландо, со најмалку 50 мртви, не е само ужасна туку и многу опасна трагедија.

Атентатот ја погоди Америка која се наоѓа среде тешка проба. Америка која се наоѓа дури на почетокот на битката во која не се решава само кој ќе биде нареден претседател. Се работи за фундаментална одлука за насоката во која ќе се развива оваа можна земја. Дали ќе биде продолжен прогресивниот курс по кој во изминатите години тргна Обама, или неговите достигнувања ќе бидат поништени.

Нови судии во Врховниот суд

Во САД моќта на претседателот е ограничена. Обама тоа го почустувува болно, без разлика дали станува збор за неговите планови да го реформира здравството или да го затвори Гвантанамо. Во еден двопартиски систем кој сето сѐ повеќе се базира на конфронтации отколку на компромис, на претседателот секогаш му е потребна поддршка од највисокиот суд. И токму Врховниот суд (Supreme Court) е еден од главните причини зошто предизборната кампања за претседателските избори е толку напрегната. Влијанието на судиите во обликувањето на земјата е огромно. Тие се оние кои на крајот решаваат дали хомосексуалците и лезбејките смеат да стапат во брак или кој тоалет смеат да го користат трансродните лица.

Бидејќи судиите се избираат доживотно, нивните мандати се секако подолги од претседателските. Едно судско место во моментов е празно и подради старост на другите судии е можно наредниот претседател да именува двајца нови судии.

Инес Пол

Инструментализација на теророт

Ужасниот напад во Орландо се случи токму на почетокот на жешката фаза на предизборната кампања. Набрзо по трагедијата, следбениците наДоналд Трамп покажаа како сакаат да го иструментализираат овој треристички чин: преку Твитер му честитаа на Трамп за неговиот антиисламски курс. Тие и солидарноста и поврзаноста на Хилари Клинтон со муслиманите ќе ја искористат против неа. Ќе се поигруваат со стравовите на луѓето за да му помогнат на својот кандидат. Бидејќи, изгледа оти токму годинава многу Американци се подложни на тој вид популизам. Премногу се подготвени да се раководат од исцелителски ветувања без да размислат за тоа како би изгледало едно општество кое се дефинира пред сѐ со изолација и надзор.

Кога Доналд Трамп зборува за тоа дека сака Америка да го поврати својот сјај, тој пред очите има земја во која владее силен човек без мигрантско потекло. Тоа е основата на неговите планови: забрана за влез на муслиманите во САД, сомнеж во судии од мексиканско потекло и сексистички изјави за жените.

Талентиран демагог

Талиентиран демагог ќе знае да го искористи крвопролевањето во Флорида во свои цели. Терористичките напади претставуваат голем предизвик за секое отворено општество. Тие го отвораат прашањето: колку нам ни е вредна слободата. И колкав ризик сме подготвени да издржиме за нашите отворени општества.

Со оглед на чувствата на омраза и одмазда кои ги предизвикува теророт, на политичарите и на луѓето им е тешко да реагираат мирно и трезвено. На францускиот престедател Франсоа Оланд тоа му успеа по нападот во Париз: тој добро го водеше својот народ.

Замка за терористите

Но во САД во тек е предизборна кампања каква што досега се нема видено. Ќе успее ли Америка во 2016. година да падне во стапицата на терористите и да не побегне во неслобода која ја посакуваат фундаменталистичките муслимани? Или ќе ѝ успее да го одбрани „американскот сон“, кој беше создаден на темелите на отворено емигрантско општество? Големи се шансите да победи слепиот гнев.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми