1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев: Одлука за оставките врз основа на фактите од истрагата

ЕМФ
11 септември 2021

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска соопшти дека оставките на Филипче, Бесими и Етеми ги примил и ги разбира како висок морален чин, а одлуката во врска со нив ќе се базира исклучиво на фактите од истрагата

Nordmazedonien Premierminister Zoran Zaev
Фотографија: Government North Macedonia

„Поднесените оставки од министерот за здравство Филипче, од заменик-министерот Хасани и од директорите на тетовската болница Бесими и Етеми ги примив и ги разбирам како висок морален и етички чин и како демонстрација на интегритет и одговорност која е неминовна при вакви големи несреќи“, наведува во своето соопштение македонскиот премиер Зоран Заев.

„Имајќи предвид дека истрагата се спроведува со висока динамика и дека истата е обезбедена со највисоко ниво на стручност и професионалност, мојата проценка и одлука по однос на поднесените оставки ќе ја базирам исклучиво на фактите кои ги добивам од истрагата, односно исклучиво согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот. Очекувам тоа да се случи брзо во следниот период за што уште еднаш апелирам до сите институции за брза и темелна истрага“, се наведува, меѓу другото, во соопштението на Заев.

Премиерот оценува дека „истражните и правосудните органи спроведуваат исклучително темелна, професионална и брза истрага која мора да ги утврди до детаљ причините за избувнувањето на смртоносниот пожар“ и упатува благодарност до Германија, за придонесот во истрагата на „форензичарите од Германската федерална криминалистика, за што веќе се реализираат подготвителни извидувања и активности“.

Повеќе:

Што знаеме досега за трагедијата во Тетово: Повеќе прашања од одговори

Македонска трагедија

Кога системот се темели на лични интереси, наместо општествени вредности

Поуките од трагедијата во Тетово

Заев потенцира дека „одговорност има и ќе има“, утврдена „врз основа на непобитни форензички факти, а не врз основа на политички пресметки“. Тој најавува и дека „во првиот момент откако експертската истрага ќе покаже нов посериозен напредок, ќе ги соопштам ставовите на Владата базирани на фактите од истрагата“. Заев соопштува дека тоа ќе го стори на прес-конференција, на која ќе одговорел на сите прашања од медиумите. „Во меѓувреме, Владата, министерствата и сите надлежни институции остануваат отворени и достапни за сите ваши прашања“, соопшти денеска Заев, кој наведува дека „овие денови, внимателноста при јавните комуникации е исклучиво заради потребата на ниту еден начин да не се влијае врз темпото и квалитетот на истрагата“.

Вечерта на 8 септември целосно изгоре тетовската модуларна болница за ковид-пациенти. Досега е потврдена смртта на 15 лица, од кои 14 биле директни жртви на огнената стихија.директни жртви на огнената стихија. Жртва е и 20-годишна жена која починала пред почетокот на пожарот. Најмалку 12 лица беа повредени, но сите се во добра и стабилна состојба. 

Ковид-центарот во Тетово по катастрофалниот пожар

01:10

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми