1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Техеран и Вашингтон во спор околу новиот ирански амбасадор во ОН

СН/жа/афп/миа/дпа/ртр12 април 2014

Иран денеска ја отфрли одлуката на САД да не му издаде виза на новоназначениот ирански претставник во ОН и порача дека ќе побара решавање на случајот директно во Светската организација.

Фотографија: Isna

Белата куќа синоќа соопшти дека на иранскиот дипломат, одреден од Иран за негов претставник во ОН, нема да му биде издадена виза за влез во земјата.

САД реагираат на изборот на Хамид Абуталеби за изборот на тоа место, поради тврдењата дека тој бил член на муслиманска студентска група, која држела 52 Американци за заложници во амбасадата на САД во Техеран 444 дена во 1979 година.. Абуталеби ги отфрли обвинувањата и истакна дека тој само им служел на студентите како преведувач. САД и Иран оттогаш до денес немаат дипломатски односи.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни рече дека ОН и Техеран се известени дека на Абуталеби нема да му биде издадена американска виза.

Претседателот Барак Обама беше подложен на силен притисок од Конгресот да не му дозволи на Абуталеби влез во САД. Сенатот пред неколку дена го одобри законот со кој го забрани издавањето виза на иранскиот дипломат.

САД во принцип се обврзани да им издадат визи за дипломатите во светската организација, но во некои случаи се дозволуваат исклучоци.

Иран денеска ја отфрли одлуката на САД да не му издаде виза на Абуталеби и порача дека ќе побара решавање на случајот директно во Светската организација „ Ние немаме замена за господинот Абуталеби и ќе бараме решение преку легалните механизми предвидени во ОН“, изјави Абас Аракчи, висок службеник во министерството за надворешни работи во Техеран и главен ирански преговарач за нуклеарните прашања.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми