Тече финалната клиничка фаза на корона-вакцината на Модерна
01:24
ЗдравјеГлобално
СН/дв
7 август 2020
Додека првиот човек на Светската здравствена организација уште еднаш се заложи за општа достапност на идната вакцина за коронавирусот и го осуди националистичкото „присвојување“ на вакцините, 26 потенцијални вакцини ширум светот во фаза на клиничко истражување. Еден од најнадежните кандидати е онаа на американската компанија „Модерна“ која веќе 10 дена е во последната трета фаза на тестирање.
Реклама
Пробната вакцина заедно ја развиваат биотехнолошката компанија „Модерна“ и американскиот Национален институт за алергии и заразни болести, дел од Националниот институт за здравство (НИХ).
Околу 30.000 возрасни волонтери од сите делови на САД во период од два месеци се очекува да учествуваат во студијата, во која меѓу другото се проценува и безбедноста на вакцината и дали таа може да спречи развивање на симптоми на Ковид-19 по примени две дози.
Пет совети за подобро физичко и ментално здравје во корона-кризата
Вакцина нема, лек исто така. Експертите, во моментов, не се сигурни ни дека оние кои оздравеле од Ковид-19 се целосно заштитени од нова инфекција. Затоа е препорачливо јакнење на личниот имунитет среде пандемијата.
Фотографија: Fotolia
Здрава исхрана
Докажано е дека здравата исхрана го намалува ризикот од хронични болести како што се проблемите со циркулацијата, дијабетисот или со дебелината. Исто така, со здрава исхрана се намалува и ризикот од депресија и од анксиозност. СЗО потсетува - но тоа важи и без пандемија - дека треба да се остават алкохолот, цигарите и сите останати дроги
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Heinz
Добар сон
Додека спиеме, телото вредно работи: келиите се обновуваат, се отстрануваат отровите, се зацврстува помнењето. Како што покажаа истражувањата, недостатокот на сон влијае не само на физичката состојба, туку и на психичката. Недостатокот на сон нѐ прави поподложни на хронични болести. На поголемот број луѓе им се доволни 6 до 9 часа сон, но важно е да се спие во одреден ритам.
Фотографија: Colourbox
Движење и вежбање
Движењето го исполнува телото со „хормоните на среќа“. Тоа овозможува подобро спиење, ги намалува стресот и стравовите, го зајакнува помнењето. Движење и спорт, па макар и дома - најмалку 30 минути дневно. Тренерите велат дека не важно како ќе ги поделите тие минимални 30 минути - можеби по 10 минути наутро, напладне и навечер? Кога можете излезете на свеж воздух.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. pedersen
Одржување на контактите
Пријателите во овој период на социјална изолација поради коронавирусот се поважни од кога било. Социјалните мрежи се докажано добри за здравјето. Бидејќи излегувањата и собирите сега не се можни, речиси сѐ се одвива на интернет. Но, подобро така отколку никако.
Изолацијата можеби е шанса да се заборави на светот и на надворешните вести. Размислите, што сакате веќе подолго да направите но никако не стигнувате? Нешто во градината, да испробате нов рецепт, да научите да плетете, да прочитате некоја книга која веќе подолго ве гледа обвинувачки од полицата? Сега е идеално време за тоа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
5 фотографии1 | 5
Волонтерите ќе добијат една или две инјекции од 100 микрограми вакцина или плацебо, во интервали од 28 дена. Истражувачите и учесниците нема да знаат кој ја примил вакцината и кој плацебо.