Проблеми има доволно: посетата на германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на Турција би можела да означи почеток на приближување меѓу Анкара и Берлин.
Фотографија: picture-alliance
Реклама
Во март 2017 година, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган лично ја нападна канцеларката Ангела Меркел, обвинувајќи ја за користење „нацистички мерки“ откако Берлин не им дозволи на турските министри да одржат предизборни митинзи во Германија. Подоцна истата година, на германските парламентарци им беше одбиен пристап до трупите на Бундесверот стационирани во воздухопловната база Инџирлик во јужна Турција, што беше причина германската војска да се повлече од базата. Покрај тоа, имаше бројни случаи во кои германски граѓани беа затворени во Турција во последниве години.
Но, сега Турција сака да го остави сето тоа во минатото и се обидува да ги поправи односите со Германија и со Европската унија - желба која се совпадна со тековниот спор меѓу Анкара и САД и падот на турската економија.
Посетата на германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, доаѓа во време кога на Турција очајно ѝ се потребни сигурни сојузници. Но, ова ќе бара политичка акција од Ердоган. Мисијата на Мас е да се постават темели пред државната посета на Ердоган на Германија на крајот од месецов.
„Во стратешки интерес на Германија е да има конструктивни односи со Турција", рече Мас денеска пред заминувањето за Турција.
Приоритет се затворените Германци
Прва цел на Маас е да обезбеди ослободување на седумте преостанати германски државјани, кои се затворени поради политички причини по обидот за државен удар во Турција во 2016 година. Тројца од притворените лица имаат двојно државјанство - германско и турско.
Хајко МасФотографија: imago/photothek/I. Kjer
Рој Карадаг, експерт за Турција и директор на Институтот за интеркултурни и меѓународни студии на Универзитетот во Бремен, очекува затворените Германци наскоро да бидат ослободени. „Верувам дека германските затвореници, или поточно заложници, ќе бидат ослободени за Турција за возврат да добие економска, финансиска и политичка поддршка", вели тој.
Но, Турција ќе мора да направи значителни реформи ако сака да обезбеди финансиска помош од Германија и од другите европски земји. И ќе мора да работи на тоа да ги увери странските инвеститори дека Турција е безбедно место за нивните бизниси, вели Јирген Харт, портпарол за надворешната политика на пратеничката група во Бундестагот на Христијанско-демократската и на Христијанско-социјалната унија (ЦДУ/ЦСУ).
„Многу потенцијални инвеститори се германски Турци или Турци кои живеат во европски земји. Мора да има гаранција за нивните инвестиции и за личната безбедност“, истакнува тој. „Никој кој патува во Турција не би требало да се плаши да биде уапсен само затоа што изјавил нешто што не е ѝ одговара на власта во Анкара.“
Нов бегалски бран во најава
Исто така, на агендата за време на посетата на Мас ќе биде иднината на конфликтот во Сирија. Додека сириската влада се подготвува да започне офанзива против последното големо упориште на бунтовниците во провинцијата Идлиб, Обединетите нации предупредуваат на нова хуманитарна криза. Турција, која веќе е домаќин на речиси 3,5 милиони сириски бегалци, стравува од нов бран бегалци.
Цел на Германија е да спречи натамошна воена ескалација во регионот, додека се обидува да се фокусира на поствоениот систем на уредување во Сирија. Според Бијан Џир-Сараи од Либералната партија ФДП, цел е да се има политичка рамка што ќе им овозможи на сириските бегалци да се вратат во својата татковина.
Патот на Турција кон авторитарност
Преминот на Турција кон авторитарност е во тек веќе 10 години. Но, по неуспешниот воен пуч во 2016 година, претседателот Ердоган и АКП ја забрзаа консолидацијата на власта.
Фотографија: picture-alliance/dpa/O.Weiken
Јули 2007: Абдула Ѓул станува прв исламистички претседател
По повеќегодишни реформи на пазарната економија, транзицијата на Турција полека почнува да оди наназад. Кандидатурата на исламистот Абдула Ѓул за претседател во 2007 сигнализира напуштање на секуларистичката политика и ги затегнува односите меѓу АКП и армијата. Сепак, со широка поддршка на исламистите и либералите, Ѓул е избран за претседател, а АКП победува на парламентарните избори.
Фотографија: A.Kisbenede/AFP/GettyImages
Септември 2010: Уставни реформи
Тогашниот премиер Реџеп Таип Ердоган предлага уставни измени за зголемена контрола над правосудството и армијата, овозможувајќи и на владата да бира судии и високи воени офицери. Амандманот, комбиниран со мерки за заштита на децата и засилување на правото на жалба, е одобрен со големо мнозинство на референдум.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Tumer
Мај 2013: Ерупција на незадоволство во Гези Парк
Насобраниот гнев на младите луѓе кон Ердоган, Ѓул и исламистичката АКП достигнува точка на вриење во мај 2013. Насилното полициско расчистување на мал собир за заштита на Гези Парк предизвикува масовни анти-владини протести. Најмалку 11 луѓе загинаа, а повеќе од 8.000 се повредени, пред демонстрациите да згаснат еден месец подоцна.
Фотографија: picture-alliance/abaca
Јули 2015: Офанзива против Курдите
Нестабилното примирје меѓу турската влада и курдската бунтовничка ПКК се распаѓа поради тензиите кои ги создава војната во Сирија. Воените сили ги продолжуваат операциите во југоисточниот дел на Турција против Курдите. На почетокот на 2016, групација на ПКК ја презема одговорноста за два бомбашки напади во Анкара во кои гинат речиси 80 луѓе.
Фотографија: picture-alliance/abaca/M. Coban
Јули 2016: Неуспешен воен пуч
Воен удар против владата до темел ја потресува Турција и накусо ја претвора земјата во воена зона. Околу 260 цивили ги загубија животите во ноќните судири со армијата во пет големи градови. Ердоган ги повикува своите поддржувачи на отпор, и веќе следното утро војници се во заседа на илјадници цивили на мостот Босфор, каде и се предаваат.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T.Bozoglu
Јули 2016: Ердоган воведува вонредна состојба
По неуспехот на пучот, Ердоган воведува вонредна состојба. Се апсат десетици илјади луѓе осомничени за учество во пучот, но и политички противници. Меѓу уапсените се воени и судски функционери и избрани претставници на про-курдската ХДП партија. Чистчката подоцна опфаќа и јавни службеници, универзитетски професори и учители.
Фотографија: Reuters/U. Bektas
2016: Задушување на медиумите
Како дел од пресметката на Ердоган со наводните „поддржувачи на тероризмот“, Турција станува една од водечките земји во светот по бројот на уапсени новинари.Владата затвора околу 110 медиуми по пучот и затвора повеќе од 100 новинари, меѓу нив и Германецот со турско потекло Денис Јуџел.
Фотографија: Getty Images/S.Gallup
Април 2017: Ердоган победува на референдум
Ердоган тесно успева да победи на референдумот на кој се гласа за проширување на неговата моќ. Турскиот парламентарен систем практично се напушта во корист на силна егзекутивна власт. Ердоган добива можност да владее до 2029 година. Меѓународните набљудувачи велат дека на гласањето имало неправилности, а медиумската кампања во целост била во корист на кампањата на Ердоган.
Фотографија: Reuters/M. Sezer
Јуни 2018: Нова изборна победа на Ердоган
Ердоган си обезбедува нов петгодишен мандат и огромни извршни надлежности откако убедливо победува на изборите на 24 јуни. Неговата АКП и нивните националистички партнери добиваат убедливо мнозинство во парламентот. Меѓународните набљудувачи го критикуваат гласањето, со оценка дека медиумското покривање и вонредната состојба му дале огромна предност на Ердоган.
Фотографија: picture-alliance/dpa/O.Weiken
9 фотографии1 | 9
„Ова е важно. Сепак, не треба да се заборави дека Турција е важен актер во прашањето за бегалците и ќе ни биде потребна поддршка од Турција“, вели тој. Едно е сигурно, што се однесува до Рој Карадаг: „Во интерес на Германија е да спречи уште поголем број бегалци да дојдат во Европа.“
Шансите дека посетата на Хајко Мас и покрај сите тешки услови може да биде почеток на ревитализација на односите Берлин-Анкара не се лоши, сметаат експертите. Вториот дел од потенцијалниот процес на приближување е истотака утврден. На крајот на септември, турскиот претседател Ердоган доаѓа во државна посета на Берлин.