1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тешка сообраќајна несреќа во Германија

ЖА/дпа19 јули 2014

Најмалку девет лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Дрезден, во која се судриле два патнички автобуси и еден минибус. Загинатите се од Полска.

Фотографија: picture-alliance/dpa

На автопатот А4 кај Дрезредн во раните утрински часови (19.07.2014) во сообраќајна несреќа загинаа најмалку девет лица, а над 40 патници се тешко повредени и се сместени во болниците во Дрезден и околината. Деветте загинати патници се од Полска.

Според информации од полицијата, околу 2 часот во близина на Дрезден патнички автобус од Полска налетал на автобус од Украина. Автобусот од Полска се занесол, ја пробил заштитната ограда на средината на автопатот и налетал на мал автобус од Полска, кој се движел во спротивна насока.

Седум од жртвите се од минибусот, а две од полскиот автобус. Спасувачките екипи стигнале на местото на несреќата со голема брзина. Автопатот кој води кон Ајзенах во Тирингија и потоа кон германско-полската граница, на делницата на несреќата е целосно блокиран до попладневните часови.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми