1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Тешки теми за решавање, меѓу нив и статусот на ПОА

18 мај 2022

Меѓу црковно-управните прашања кои треба да се решат е статусот на епископите и храмовите на Православна охридска архиепископија на Јован Вранишковски, која од 2002 година е во единство со СПЦ.

Mazedonien Orthodoxe Weihnachten Feier in Skope
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Во директен разговор со македонските епископи ќе бидат разрешени низа правни и црковно-управни прашања, важни за функционирање на идната автономна МПЦ, најавуваат извори од СПЦ за српски медиуми, по одлуката на црковен Белград да прогласи канонско единство со МПЦ-ОА, што подразбира нејзина најширока можна автономија, но не и автокефалност.

„Разговорот, пред сѐ, се однесува на нејзиното устројство, на прашањето на статусот на епископите, свештенството и храмовите на постојната Православна охридска архиепископија на Јован (Вранишковски), која од 2002 година делуваше во единство со СПЦ. Ќе се чека и одлуката за поглаварот на автономната МПЦ“, објавуваат српски медиуми, повикувајќи се на извори од СПЦ, но засега без дополнителни детали.

Како што е познато, СПЦ во мај 2002 година му даде патријаршиски и соборен Томос на Јован Вранишковски, кој оттогаш ја носи титулата Архиепископ охридски и Митрополит скопски. Во Томосот се вели дека „целиот имот на СПЦ, во движнини и недвижнини, на подрачјето на свештените епархии, односно епископии (во Македонија н.з.) се отстапува на користење на Православната Охридска Архиепископија“.

Вистинска или проформа координација?

Во медиумски наводи се потенцира дека во црковните кругови никој немал дилема дека претстојните разговори нема да бидат ни кратки ни едноставни, но дека досегашниот тек на настаните било охрабрување за двете страни. Од агол на Српската патријаршија, враќањето во канонско единство - во статус на автономна црква - бил клучен предуслов зa почеток на дијалогот и за конечниот статус на МПЦ, кој за матичната СПЦ повеќе не бил спорен, ни контроверзен. Се коментира дека Македонската црква е под неспоредливо поголем притисок на домашната јавност, која во помирувањето и враќањето по закрила на црковен Белград гледа капитулација и изневерени очекувања, но македонските епископи во тишина ги одбиваат нападите и најавуваат дека ќе останат доследни на она што е договорено со СПЦ.

Синодот на Македонската православна црква -– Охридска архиепископија, кој до денес не се огласи за одлуката на СПЦ, според најавите, денеска (18.05) треба одржи координативна седница, на која ќе биде разгледана таа одлука и нејзиното значење за македонската црква. Од друга страна, постои впечаток дека таа постапка ќе биде сосема формална, имајќи предвид дека СПЦ веќе најави „Радосна вест - Литургија за помирување“. Света архиерејска литургија утре заедно треба да служат поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј, во соборниот храм „Свети Сава” во Белград, а се смета дека СПЦ не би го најавила официјално тој чин, доколку многу порано не е договорен со МПЦ-ОА до последен детаљ.

Според најавите од Белград, утре во соборниот храм „Свети Сава” во Белград, Света архиерејска литургија заедно треба да служат поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан и српскиот патријарх ПорфиријФотографија: Boris Breytman/Zoonar/picture alliance

Нов елемент во спорот

Темата со интерес се следи и во Бугарија, иако БПЦ до денес не се изјасни ниту за одлуката на Вселенската патријаршија ниту за одлуката на СПЦ. Но, во јавните изјави на аналитичари и историчари, доминира ставот дека покрај историски, политички и интеграциски прашања, овојпат и нов, религиозен елемент, се вмешал во односите меѓу двете земји, со оглед дека Бугарската црква ја смета Охридска архиепископија за составен дел од нејзиниот историски развој,

„Бугарската црква не осозна каков важен чекор беше барањето од македонската, да ѝ стане црква мајка“, вели во интервју за бугарскиот весник „Дневник“, поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски.

- повеќе: Пимен за одлуката на СПЦ: Не е време за лов на вештерки и непотребни кавги

Во обемното интервју за повеќе билатерални прашања, „Дневник“ прашува какви се очекувањата на Георгиевски за судбината на МПЦ-ОА, сега кога Вселенската патријаршија ја врати во канонско единство, а Српската црква ѝ дава автономија.

„Прво, жал ми е што БПЦ, кога МПЦ побара да ѝ биде црква-мајка, не успеа да разбере колку голем чекор беше тоа (...) Тезите што тогаш ги слушнав од некои бугарски експерти, се исти како и сега од Вселенската патријаршија за каноничноста на МПЦ: дека не може Бугарија како црква-мајка да ја прифаќа Македонија или да ја признава, затоа што тоа едноставно би им наштетило на бугарските интереси. Охридската архиепископија била бугарска, тоа би им наштетило на бугарските интереси. Не ми е јасно дали овие експерти за БПЦ знаат дека по томосот од 10 век (кога бугарската црква е призната за независна), во 1922 година исто така Вселенскиот патријарх ѝ дал томос - и тоа за пари - на СПЦ, со кој епархиите на денешна Северна Македонија преминуваат во рацете на СПЦ. Не знам дали разбираат, дека ако македонската црква не се признае, таа нема да остане бугарска, туку српска. Дека од 1945 година во Македонија има процес во кој МПЦ се подготвува да се отцепи, не од БПЦ, туку од СПЦ, што формално беше направено во 1967 година. И тогаш таа се обидуваше да се одвои од СПЦ“, вели Георгиевски.

Георгиевски: Бугарската црква не осозна каков важен чекор беше барањето од македонската, да ѝ стане црква мајкаФотографија: DW/P. Stojanovski

Тој потсетува дека одлуката на Вселенската патријаршија ја упатува МПЦ-ОА канонски да ги уредите односите со СПЦ.

„И Русија го изјавува истото, дека МПЦ е дел од СПЦ. Зошто бугарските патриоти се лутат на Македонија, а не на Русите, Србите?“ вели Георгиевски.

- повеќе: Владиката Петар за ДВ: Одлуката на СПЦ е позитивен чекор во односите со МПЦ-ОА

Запрашан - што очекува да се случи, додека СПЦ зборува за автономија и можни преговори за конечен статус, а од друга страна Вселенската патријаршија може да даде независност, Георгиевски вели дека „прашањето на расколот е решено, но не и статусот на МПЦ-ОА, бидејќи српските позиции се исти како и старите“.

А на прашањето - што може Бугарија да направи – го дава следниот одговор:

„Таа може да направи многу херојски чекор. Не сакам да туркам никого. Но, нели има многу патриоти, може да направат една патриотска акција“, вели Георгиевски.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми