1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тивко отцепување на Источна Украина

Роман Гончаренко/Ж.А.22 октомври 2015

Според Минскиот договор, сепаратистичките области би требало да останат и натаму дел од Украина. Но, на терен се случува спротивното. Со руска валута, учебници и можеби наскоро и пасоши, отцепувањето ќе биде цементирано

Фотографија: DW/I. Kupriyanova

Често, во прашање е само буква. На една патоказна табла на влезот во Доњецк, проруските сепаратисти го отстраниле „мекиот глас“ од името на градот. Така, од еден украински, настанал еден руски збор. Сепаратистите тука радо се фотографираат. Со месеци, тие во подрачјата кои ги контролираат во Источна Украина, украинските знаци ги менуваат во руски.

„Ова е веќе друга земја“, вели во интервју Игор Мартинов, кого сепаратистите го именуваа за градоначалник на Доњецк. Исто така, од јавниот живот се тргнати украинските знамиња и грбови.

Помалку Украина, повеќе Русија

На преговорите во Минск во февруари беше постигнат договор источноукраинските области Доњецк и Луганск, со своите околу три милиони жители, да добијат поголеми права и да останат дел од Украина. Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд тоа го потврдија на состанокот одржан во Париз на почетокот на октомври, на кој присуствуваа и рускиот претседател Владимир Путин, како и украинскиот, Петро Порошенко.

Но, се случува спротивното. Додека од почетокот на септември оружјето молчи, отцепувањето на богатата со јаглен област Донбас од Украина, започнато во пролетта 2014. година, тивко напредува. Речиси неприметно за светската јавност, се менуваат работите. Тоа се случува без Москва формално да ја презем контролата или да ја анектира Источна Украина, како претходно Крим.

Во супермаркетите-двојни цениФотографија: DW/I. Kupriyanowa

Рубљата како главно платежно средство

Уште пред повеќе месеци, сепаратистите паралелно со украинската гривна во оптек ја воведоа и руската рубља. На 1. септември рубљата стана главна монетарна валута во Луганск, а засилено ја истиснува гривната и во Доњецк. Сепаратистите аргументираат-Украина веќе не испраќа пари. Фактички, во Минск беше договорено продолжување на исплатата на платите и пензиите од страна на Украина, но реализацијата не е на повидок.

Промени се видливи и во школството. Според медиумски извештаи, „хуманитарните конвои“, како што ги нарече Москва, во сепаратистичките области донесоа над 500 тони учебници. Учениците во Доњецк и во Луганск сега учат од руски учебници, поразлични од украинските, посебно по предметот историја. Постепено се преземаат и руските наставни планови.

Контрола над сепаратистичките трупи

Освен тоа, сепаратистичките трупи очигледно се наоѓаат засилено под руска контрола. Од почетокот на конфликтот, Украина и Западот ја обвинуваат Русија дека ги поддржува сепаратистите со оружје и борци. Москва тоа го демантира.

Сепак, Русија во рамките на Минскиот договор официјално испрати соработници во отцепената провинција, кои треба да го надгледуваат прекинот на огнот. За таа цел украинската и руската војска имаат заеднички центар. „Русите ги поставија своите посматрачи во секој батаљон и во секоја поголема единица“, објасни Александер Ходаковски, шеф на безбедноста на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ на средината на октомври. Така, Русија ги контролира трупите.

Руски пасоши за источните Украинци во Ростов?

Она што многумина сепаратисти го посакуваат, се руски пасоши. Денис Пушилин, сепаратистички водач од Доњецк, не исклучува во иднина жителите на „Народната Република“ да можат да побараат руско државјанство. Рускиот владин весник „Рускаја газета“, повикувајќи се на добро информирани извори, во врска со тоа пишува дека Москва се‘уште не издала соодветни укажувања, но тоа може да се промени во иднина.

Сепаратистите би сакале руски пасошиФотографија: AFP/Getty Images

Интернет портал, близок до сепаратистите, во вторникот објави дека до крајот на годинава во јужнорускиот Ростов на Дон треба да се формира служба која на жителите на источноукраинските провинции Доњецк и Луганск ќе им издава пасоши „според поедноставена постапка“. За локација е избрана Русија заради избегнување големо внимание, изјавил висок по ранг извор од „Луганската Народна Република“, пренесува порталот.

„Путин не сака замрзнат конфликт“

Тоа не би било новина. Москва исто постапуваше и во другите т.н. замрзнати конфликти во поранешните советски републики, на пример во Грузија, каде беа делени руски пасоши. Русија подоцна ги призна отцепените провинции Абхазија и Јужна Осетија за независни држави.

Западните аналитичари, меѓу кои и Винфрид Шнајдер-Детерс констатираат-тивкото приближување на источноукраинските сепаратистички области кон Русија противречи на официјалната политика на Кремљ и Минскиот договор. Публицистот и добар познавач на состојбите во Украина верува дека Москва не сака замрзнување на конфликтот. „Путин сака овие подрачја да останат во состав на Украина, со единствена намера тие да бидат постојани спорни точки“, тврди експертот. Ако тоа не успее, Русија би можела во игра да го воведе својот „План Б“ за Донбас: дефинитивно отцепување од Украина.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми