1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Тимскиот дух пресуден за триумфот на Бајерн

Штефан Нестлер
24 август 2020

Бајерн Минхен по шести пат стана првак на Европа. На тренерот Флик му појде од рака да го извлече најдоброто од секој играч, коментира Штефан Нестлер. 

Paris Saint-Germain v Bayern Munich - UEFA Champions League Final
Фотографија: Getty Images/M. Lopes

Финалето во Лисабон беше тесно, возбудливо. Бидејќи, двата дефанзивни реда покажуваа слабост кога се играше брзо и конкретно. Двата тима во нападот беа брзоплети или непрецизни во последното додавање. Ни Бајерн ниту ПСЖ немаа свој најдобар ден поради притисокот кој го чувствуваа. Во деведесетте минути доминираше тактиката и двата тима играа изедначено.

Брзо стана јасно дека нема да има нов баварски пир како во речиси историското четвртфинале кога Барселона беше прегазена со 8:2. Оти нема да ги има, во однос на играта, ни превисоките 3:0 како против Лион во полуфиналето.

Пресудија перфектното нафрлување на Џошуа Кимих и прецизниот удар со глава на Кингсли Коман. А меѓу стативите беше Мануел Нојер кој, повторно во светска форма, одбрани сѐ што одеше кон голот. Така Баварците по шестти пат ја освоија најзначајната титула во клупскиот фудбал.

Штефан Нестлер, автор на коментарот

По вторпат, по историската 2013 година, земаа тројна круна. Паралели не можат да се предвидат. Пред 7 години Јуп Хајнкес успеа да го вакцинира Бајерн со тимски дух, да го извлече најдоброто од секој играч. Сега тоа го повтори Ханси Флик.

Повеќе:

-Фотографија на денот: 11 натпревари, 11 победи

-Фотографија на денот: Бајерн ја „прегази“ Барселона со 8:2

Дури и старите лисци доживејаа преродба, како Томас Милер и Џером Боатенг на кои сојузниот тренер Јоахим Лев им рече дека повеќе нема да играат за репрезентацијата. Роберт Левандовски ја имаше најдобрата сезона во кариерата. Брилираше новата генерација во која се Серж Гнабри, Џошуа Кимих или Алфонсо Дејвис.

Сепак, неправедно е да се издвојуваат поединци од овој наштиман ансамбл. Бајерн е првиот тим во историјата кој победил во сите натпревари во сезоната во Лигата на шампионите- од групната фаза до финалето. Тоа говори се. 

„Потребен ни е тимски настап“, рече тренерот Ханси Флик пред финалето. Така и беше. Успех на најдобриот колектив во Европа. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми