1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тим на ОН се враќа во Ирак?

27 јануари 2004

ОН се во основа подготвени за испраќање свои соработници во Ирак, кои таму треба да ја преиспитаат можноста за избори уште во текот на годинава. Но, како што денеска во Париз изјави генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, за тоа е потребно исполнување на еден предуслов.

Предусловот гласи: американската цивилна управа во Ирак да гарантира за безбедноста на соработниците на светската организација. Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, во Париз рече дека е на мислење оти светската организација може да игра конструктивна улога за излегување од ќорсокакот со изборите во Ирак. "Се' додека американската цивилна управа во Ирак презема соодветни и задоволителни мерки за безбедност, јас како одговор на молбата што ја добив, би испратил тим во Ирак, вели Анан. Тимот соработници би барал можности за создавање провизорна влада во земјата. Молбата до ОН да ги сондираат шансите за директни избори во Ирак до мај, ја упатија заеднички американската цивилна управа и провизорниот Ирачки преоден совет. Шиитите, кои се мнозинство во Ирак, веќе со недели бараат порано одржување избори, и тоа кон средината на оваа година. САД, наспроти тоа, изборите ги планираат дури за 2005-та. Тие досега отфрлаа скорешно одржување избори, со аргумент дека организацијата на избори во вакви безбедносни услови е невозможна. САД од вмешувањето на ОН во проблемот очекуваат поголемо прифаќање од страна на населението на нивните напори за политичка обнова на Ирак. ОН ги повлекоа своите странски соработници во август, кога беше нападнато нивното седиште во Багдад. Во нападот загинаа 22 лица.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми