1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Тинејџер во Мичиген уби тројца соученици

ХАЗ (дв)
1 декември 2021

Во средно училиште во американската сојузна држава Мичиген 15-годишен ученик пукаше околу себе со полуавтоматско оружје. Потоа е уапсен без да пружа отпор.

USA 15-Jähriger erschießt an Schule in US-Bundesstaat Michigan drei Mitschüler
Фотографија: Todd McInturf/AP Photo/picture alliance

Инцидентот се случи во средно училиште во малото гратче Оксфорд, на околу 65 километри северно од Детроит. Убиени се едно 16-годишно момче и две девојчиња на возраст од 14 и 17 години, а повредени се уште осум лица, меѓу кои и еден наставник. Според полициски наводи, ученикот испукал најмалку 15 куршуми од полуавтоматско оруќје. Бил уапсен пет минути по добивањето на првиот итен повик во полицијата.

„При апсењето немаше отпор“, објасни полицијата и наведе дека во моментот на апсење осомничениот го имал оружјето кај себе и не бил повреден. „Осомничениот побара адвокат и не даде објаснување за мотивот.“ Шефот на полицијата во округот Мајкл Меккејб зборуваше за „многу трагична ситуација“. „Имаме многу загрижени родители.“

Фотографија: Eric Seals/AP Photo/picture alliance

Во училиштата во САД постојано има напади со огнено оружје. Споредено со претходните години, ситуацијата во 2021-ва е нешто подобра. Нападот во Оскфорд, според наводи на организацијата Everytown For Gun Safety е досега најтежок вооружен инцидент во едно американско училиште годинава.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми