1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тирана загрижена од насилството на полицијата во Скопје

ЖА/миа5 јули 2014

Официјална Тирана бара од македонските власти и судски институции праведно судење за шестмината осудени етнички Албанци, засновано на докази. Насилството им штети на меѓуетничките односи, се вели во реакцијата.

Фотографија: Petr Stojanoski

Министерството за надворешни работи на Албанија во реакцијата по повод случувањата во Скопје, искажува загриженост за „насилството што полицијата го применила за време на протестите на Албанците“.

При тоа се бара од македонските авторитети и надлежните судски инситуции да гарантираат праведно судење засновано врз докази за шестмината албанци.

„Насилството не придонесува во расветлувањето на прашањето и е на штета на меѓуетничките односи и хармонијата меѓу заедниците. МНР ќе продолжи со посебно внимание да ги следи случувањата во Скопје и апелира до страните да покажат воздржаност и ладнокрвност“, стои во соопштението на албанското Министерство за надворшени работи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми