1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

„Тито - и злосторник и успешен политичар“

Синиша Богданиќ
30 ноември 2016

Хрватите ни повеќе децении по смртта на Јосип Броз Тито немаат единствен став за него

Josip Broz Tito
Фотографија: AP/AP/dapd

Постојат неколку отворени прашања во хрватското општество кои покажуваат голема идеолошка поделеност меѓу граѓаните. Проценката на личноста на комунистичкиот лидер на поранешната држава, Јосип Броз Тито, е едно од тие прашања пред кои и левите и десните цврсто ги затвораат очите и не сакааат да уважат ни минимум од противничките аргументи. Како правилно да се согледа Тито и кое е неговото место во историјата, се прашања кои му ги поставивме на др. Јосип Михаљевиќ, историчар од Хрватскиот институт за историја во Загреб.

ДВ: Во Хрватска многу ревносно се зборува за Јосип Броз Тито. Дали е тој најголемиот крвник од овие простори или најголем син на хрватскиот народ?

Јосип МаљевиќФотографија: DW/S. Bogdanić

Јосип Михаљевиќ: Ако му приоѓаме на проблемот како историчари, би требало да се држиме за стручни проценки, за излагањето да биде што помалку паушално. Во јавноста и дел од историографијата, Тито се валоризира со целосно спротивставени позиции. Некои автори исклучиво ги потенцираат неговите негативности и предупредуваат на југословенски тоталитаризам. Од друга страна се оние кои ги истакнуваат економскиот развој и меѓународното значење на Југославија. Ни еднто ни другото не е спорно. Би требало да се избегнува проучување на работите од еден агол, бидејќи тогаш немате целосна слика за личноста или историскиот настан. Ако веќе историчарите донесуваат проценки за историските личности, тие би требало да пристапат целосно кон работите. Едностран начин на прикажување на Јосип Броз донекаде ми е јасен. Ако земеме во предвид каква беше историјата во 20. век и траумите кои се случија, ако во семејството сте имале трауми од Втората светска војна во која фашистичките режими сториле нешто на вашите роднини, јасно дека Тито, како член на Антифашистичката коалиција, ви е поблизок и подобар. Ако некој ви страдал од комунистичкиот режим, ќе имате негативна слика за Тито. Истотака, ако сте застапник на колективистичките политички идеологии, можеби ќе замижите на злосторствата кои ги направи неговиот режим, а ако сте застапник на демократијата и политичкиот плурализам, меѓународното значење на Југославија нема да го сметате за важно кога го судите Тито.

Сепак, читателите сега сепак ќе се прашат дали Тито повеќе бил злосторник или позитивен лик?

Токму говорам дека да се одговори на тоа ќе биде многу неблагодарно. Рековте оти некои Тито го сметаат за најголем син на хрватскиот народ. Во време на Југославија се зборуваше за „нашите народи и народности“, бидејќи Тито првенствено е персонификација на Југославија, комунистичкиот режим и социјализмот. Да, тој е злосторник, бидејќи е одговорен за злосторствата кои се случија на крајот на Втората светска војна и по неа. Но е одговорен и за некои позитивни текови.

Колку е денес неоходно да се стави Тито во некоја од тие фиоки?

Од моја историчарска гледна точка, тоа е контрапродуктивно бидејќи се замаглува фокусот кој би требало да се истражи. Ако се одредите на една или друга страна, вашето истражување не може да биде целосно објективно. Јосип Броз е долго сметан за позитивен лик. Па дури и денес. Тоа го одвојува, да речеме, од Хитлер кого никој по неговата смет и падот на режимот, не го смета за позитивен, освен екстремни групи. Тито е слоевита личност, неговиот историски лик и режим имаа многу контрадикторни точки, поради што тој на истражувачите, историчарите, социолозите и политиколозите е добра тема за истражување.

Кои се тогаш позитивните работи во неговото владеење? Го споменавте економскиот развој.

Во времето на Тито, Југославија живееше во миродопски период. Тито, како член на Антифашистичката коалиција, имаше кредибилитет на борец против нацизмот и фашизмот, создаваше држава на модернизациски проект. Комунизмот како тоталитарна модернизациска идеологија се обидува да создаде општество на колективни темели. Затоа од 1945. година се спроведувани социјалистички политики. Тие за значаен дел од населението беа благодет. Бесплатното образование и здравство му станаа достапни секому, иако ништо не е бесплатно. Успеа една релативно безначајна држава да ја доведе на дневен ред на меѓународната политика. Беше исклучително успешен политичар, ако се сфати политиката како вешт опстанок на власт,и успеа да се афирмира на светско ниво. Секако, секогаш е прашањето која цена за тоа е платена.

Фотографија: picture alliance/dpa

Она што би било најинтерсно, дека успеа, тоа е национална политика. Најголемиот југословенски проблем беше националното прашање. Да се реши на задоволителен начин, тоа бепе многу тешко. Во друга Југославија се обидоа со федерален модел. Неговата цена беше скапа. Тито ги уништи сите реални и потенцијални противници. Обидот за решавање на конфликтот меѓу Хрватите и Србите не успеа, па Југославија се распадна токму на тоа прашање.

Јосип Михаљевиќ е роден во 1982. година во Ливно. Примарно подрачје на неговиот научен интрес  му е хрватската и југословенската историја во периодот од 1945. до 1990. година со посебен нагласок на темите од општествената и социјалната историја од тој период.

Убиство во Титово име

42:36

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми