1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тихановскаја подготвена да биде лидер

Инес Ајзеле | агенции
17 август 2020

Опозициската кандидатка во Белорусија, Светлана Тихановскаја, тврди дека е подготвена да го преземе водството на земјата. Претседателот Лукашенко покажува волја за реформи, но поставува услови.

Weißrussland politische Krise | Sviatlana Tsikhanouskaya
Светлана Тихановскаја испрати видео-порака од егзилФотографија: Reuters/Sviatlana Tsikhanouskaya Headquarters

По една недела масовни протести во Белорусија, опозициската кандидатка Светлана Тихановскајаиспрати порака од егзил во која сигнализира подготвеност да го преземе раководењето на земјата. Тихановската, која е во егзил во Литванија, во видео-порака вели дека е подготвена да преземе одговорност и во преоден период да „делува како национален лидер“. Тихановскаја, според официјалните податоци од претседателските избори во Белорусија, одржани пред една недела, загуби од актуелниот лидер на земјата Александер Лукашенко. Но, во меѓународни рамки има големи сомневања во резултатите од изборите.

Стотици илјади луѓе протестираат ширум БелорусијаФотографија: Getty Images/AFP/S. Gapon

Тихановскаја во видео-пораката става јасно до знаење дека никогаш немала за цел „да биде политичарка“, но судбината одлучила да се најде на „линијата на фронтот во конфронтацијата со самоволното владеење и неправдата“. Таа изразува надеж дека земјата ќе се смири, дека политичките затвореници ќе бидат ослободени и дека ќе бидат закажани нови претседателски избори најбрзо што е можно. Поради страв за својата безбедност, Тихановскаја заедно со своите деца пребега во Литванија непосредно по изборите во Белорусија.

Претседателот на Белорусија, Александер Лукашенко, денеска уште еднаш отфрли можност за одржување нови избори. Тој е подготвен да ја дели својата моќ, но не под притисок на демонстрации, рече Лукашенко денеска при посета на фабриката за возила МЗКТ.

Денеска се штрајкува во повеќе државни претпријатија во БелорусијаФотографија: picture-alliance/dpa/TASS/V. Sharifulin

Протестите во Белорусија не стивнуваат од одржувањето на изборите пред една недела. Илјадници луѓе се уапсени, а животот го загубија двајца демонстранти. Денеска се штрајкува во многу државни претпријатија, вклучително и МЗКТ, каде Лукашенко беше во посета. Фабриките важат за елементарни за функционирањето на државата. Експертите сметаат дека Лукашенко може најбрзо да биде притиснат на предавање на власта преку штрајкови на работниците.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми