1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Токсично добредојде за Меркел во Њу Делхи

БГ/ ДПА
1 ноември 2019

Германската канцеларка денеска ја започна официјалната посета на Индија. Премиерот Нарендра Моди и приреди воена парада, но немаше решение за отровниот воздух во Њу Делхи.

Indien Neu Dehli | Angela Merkel bei Narendra Modi
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler

Игнорирајќи ги медицинските совети кои им беа дадени на 20-те милиони жители на индискиот меграград да носат маски за дишење, Меркел и Моди ги издржаа државничките церемонии дишејќи го загадениот воздух без заштита. Меркел седеше за време на интонирањето на националните химни поради нејзините здравствени проблеми.

Воздухот во индискиот главен град е отровен коктел од индустриски емисии,  издувни гасови од автомобили и чад од земјоделски палежи. Поради високите емисии на отрови денеска беа затворени и училиштата во Њу Делхи.
Нивото на ПМ2,5 честички; толку малечки што директно навлегуваат во крвотокот на луѓето, беа за 19 пати поголеми од максимумот кој го предвидува Светската здравствена организација.
Во Индија се наоѓаат 14 од 15 најзагадени градови во светот, според ОН. Според една студија, секоја година од смогот умираат најмалку еден милион Индијци.
Меркел пристигна во Индија во четвртокот вечерта на петтата рунда од меѓувладините разговори фокусирани на дигитализација, економија и трговија.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми