1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Топлотен бран

29 јули 2021

Сонцето пржи, сокријте се под сенка! Северна Македонија од денеска е во т.н. портокалова фаза, со температури до 41 степен.

Deutschland | Wetter Hitzewelle | Thermometer mit 40 Grad
Фотографија: picture-alliance/dpa/HMB Media/O. Mueller

Поради топлотниот бран, Владата објави препораки, меѓу кои и ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението. Од единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран се бара да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

Од Министерството за здравство се потсетува и на општите мерки за заштита на здравјето. Меѓу другото, се препорачува да се остане повеќе во затворени простории, да се носи светла и лесна облека, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалоци. Од МЗ посочуваат и дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми