1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"Торнадата" во Авганистан од денеска под команда на ИСАФ

10 април 2007

Германските извидувачки авиони во Авганистан од денеска се под команда на ИСАФ силите. Според планот пилотите на шесте торнада од наредната недела ќе ги изведат и првите летови над целата територија на Авганистан.

Германски офицер информира за торнадо авионите во Мазар-и-Шариф
Германски офицер информира за торнадо авионите во Мазар-и-ШарифФотографија: AP

За раководството на германскиот контингент при меѓународната мировна мисија ИСАФ ваквата ситуација со примањето директни наредби од командата на силите во Кабул не е ништо специјално, тврди командантот на ескадрилата Михаел Траут.

“Се поставивме многу опуштено, но со свест дека тоа не е едноставна задача. Ќе се потрудиме да обезбедиме што е можно попрецизни снимки од теренот, што ќе придонесе за подобра проценка на ситуацијата!“

Германските торнада, сместени во Мазар и Шариф на северот на Авганистан, ќе треба до четири пати на ден да извршуваат извидувачки летови на висина од 3.000 метри. На тој начин командата на ИСАФ силите се надева дека ќе добие попрецизни податоци за можните закани и движењето на талибанските востаници. Снимките ќе ги обработуваат експерти на Бундесверот, за потоа да им бидат ставени на располагање на офицерите во централната команда на ИСАФ.

На целиот ангажман на германските авиони му претходеше добра подготовка, меѓу другото и со кампања во авганистанските медиуми. Генералот Јозеф Болц, кој ја има командата над целиот северен дел на Авганистан, за реакциите на домашното население на зголемената врева вели:

“Мислам дека нема голема разлика бидејќи ние со месеци изведуваме летови на големи транспортни авиони, кои прават многу поголема врева отколку торнадата. А преку засилена кампања во медиумите создадовме разбирање кај авганистанското население за сите непогодности што може да произлезат од акциите на нашите воени авиони.“

Кампањата се чини дека ворди со плод, бидејќи барем на северот на Авганистан каде што се сместени германските торнада речиси нема такви кои не му се радуваат на присуството на германските војници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми