1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Торнадо предизвика хаос во германскиот град Кил

БГ/ ДПА
30 септември 2021

Повредени луѓе, откорнати кровови, паника меѓу граѓаните. Големо торнадо вчера мина низ германскиот град Кил. Научниците велат дека појавата нема врска со климатските промени.

Deutschland I Tornado über Kiel
Торнадо во германскиот град КилФотографија: Steven Hutchings/TNN/picture alliance

Најмалку седум луѓе се повредени откако торнадо мина низ северниот германски град Кил. 
„Вакво нешто е невозможно да се предвиди“, вели метеорологот Себастијан Вахе за агенцијата ДПА, дополнувајќи дека торнадото започнало во предградијата на Кил. 

Торнадото започнало на периферијата на КилФотографија: Philipp Brandl/dpa/picture alliance

Според противпожарната служба, четири лица биле сериозно повредени, додека уште тројца доживеале умерени повреди. Дел од повредените биле погодени во глава од летечки објекти носени од силниот ветер.

Кровови на згради биле откорнати, а се откинуваа и фасади, велат од службата. На социјалните мрежи кружат повеќе снимки од големото невреме кое е невообичаено за овој дел од светот.

Луѓе кои се нашле во близина на торнадото велат дека од силината ветрот паѓале дрвја, а објекти летале наоколу. 

Климатскиот истражувач од Кил, Моџиб Латиф вели дека појавата на торнадото не е знак за климатските промени. „Не би го поврзувал со глобалното затоплување“, вели научникот покрај чија канцеларија мина торнадото.
„Тоа е еден редок феномен, кој се појавува одвреме навреме, но не означува нов квалитет“. 

Среќна околност е што торнадото во последен момент ја променило траекторијата на движење па, наместо кон пешачката зона во градот, се упатило кон отворено море. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми