1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Траекти на соларен погон - вистински новитет на европските води

Х.Тобер/С.Недевски28 април 2014

Од почетокот на годинава во германската престолнина Берлин во редовен сообраќај се ставени четири траекти на електричен погон, кои гарантираат нула емисија на штетни гасови и отвораат нови деловни перспективи.

Фотографија: DW

Првиот од четирите соларни траекти од новата генерација го проектираше и го изгради бродоградилиштето „Формштал“ од Штралзунд и тоа за само шест месеци.

Бродот е речиси 20 метри долг, плови на електричен погон, што значи и без емисии на штетни гасови. Згора на тоа, го опслужуваат помалку луѓе бидеќи бродот има многу технички новитети, како на пример магнетен систем за пристанување. „Овие системи овозможуваат еден човек да управува со траектот“, вели Хелмут Ланге, раководител на проектот во „Формштал“ Штралзунд

Меѓутоа, пред да ги прими првите патници, траектот мора да помине сеопфатни тестови. Овластените контролори сакаат, меѓу другото, да проверат дали моторите можат да работат под полн напон и со околу 40 гости на бродот.

Тежината на патниците се симулира со товар тежок повеќе тони. Резултатот гласи: електромоторите достигнуваат максимална брзина од 12 километри на час. „Ние сме чекор понапред и сметам дека со овој нов производ тука во Германија, но и надвор од неа, отвораме еден пазар, кој сѐ уште воопшто не можеме да го процениме.“, истакнува Хелмут Ланге.

Фотографија: Johannes Eisele/AFP/Getty Images

Еден час пловна употреба на траектот чини помалку од десет евра, вели производителот. А тоа е силен аргумент за купувачите и од странство, уверен е шефот на пристаништето, Томас Кимштед: „Се разбира, веќе има првични распрашувања, први најави на заинтересираност, занимливи потпрашања. Прерано е да се каже дали од тоа ќе се развие бизнис.“,

Во Германија бизнисот веќе тргна. Од почетокот на годинава соларните траекти веќе пловат по берлинските езера. Бродската компанија сезонава очекува околу еден милион патници, кои со помош на сончева енергија ќе ги препловуваат езерата во главниот град.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми