1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп воодушевен од моделите за ѕидот кон Мексико

СН/ агенции
14 март 2018

Фототермин на крајниот југ на Калифорнија. Претседателот на САД за првпат ги разгледа прототиповите на ѕидот, кој сака да биде подигнат на границата кон Мексико. И Трамп има конкретни замисли.

Trump begutachtet Mauer-Prototypen in Kalifornien
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Ngan

Граничарите и други официјални лица му ги претставуваа на Доналд Трамп осумте модели на ѕидот од бетон и челик, поставени во близина на градот Сан Диего. „Ѕидот е неопходен за заштита на Америка“, изјави претседателот. А за противниците на неговите спорни намери тој дообразложи: „Ако се нема систем на ѕидови, се нема ни земја“.

Ѕидот во секој случај мора да биде провиден, за да можат граничарите да гледаат што се случува на другата страна а истотака за секој случај мора да биде и доволно висок, истакна Трамп. Прототиповите на ѕидот се високи меѓу 5,5 и 9 метри. „Фантастично“, беше коментарот на Трамп. 

Повеќе:

-Кој ќе го гради ѕидот меѓу САД и Мексико?Трамп и ѕидот кон Мексико: Челикот ќе биде заменет со бетон?

-Мексиканците се исплашени од Трамп

Ѕидот како модел за заштеда

Ѕидот на границата кон Мексико за него уште во предизборната кампања беше една од најважните теми. „Мексико има еден куп проблеми, меѓу нив и картелите за дрога“, велеше тогаш Трамп. Според него ѕидот повеќекратно ќе ги поврати трошоците за него, со тоа што ќе ги заштити САД од последиците од нелегалната имиграција и трговијата со дрога. Тој ќе им заштеди на даночните обврзници стотици милијарди долари, порачуваше тој.

Републиканскиот претседател за првпат доаѓа во Калифорнија. Досега тој ја заобиколуваше најнаселената сојузна држава на САД, каде е екстремно непопуларен. Имено Калифорнија важи за либерално упориште на САД.

На двете страни од американско-мексиканската граница кај Калифорнија имаше протести против посетата на Трамп. Луѓето држеа плакати со натписи „Гради мостови а не ѕидови“.

Фотографија: Getty Images/AFP/K. Grillot

Вкупните трошоци за престижниот проект на Трамп се проценуваат на околу 20 милијарди долари. Американскиот Конгрс, меѓутоа, сѐ уште не дал зелено светпо за финансирање на проектот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми