Американскиот претседател сака официјално да провери дали федералната полиција од политички причини се „инфилтрирала“ во неговиот тим во изборната кампања за претседателските избори во САД во 2016 година.
Реклама
Доналд Трамп вчера преку социјалната мрежа Твитер порача дека денеска и „официјално“ ќе наложи соодветна истрага. „Барам, а официјално ќе го сторам тоа утре наутро, министерството за правда да истражи дали ФБИ се инфилтрирал или ја следел кампањата на Трамп за политички цели - и дали таквите барања и инструкции ги направиле лица во администрацијата на Обама“, рече американскиот претседател.
Трамп веќе во петокот го постави прашањето дали ФБИ инфилтрирал доушник во неговиот тим за кампањата за претседателските избори во 2016 или можеби го регрутирал таму. Досега тој не изнесе какви било докази за тоа. Американските медиуми објавија дека федералната полиција во јули 2016 година ангажирала американски научник да стапи во контакт со советниците на Трамп. Повеќе:
Според информации на весникот „Њујорк тајмс“, ФБИ наводно бил во потрага по докази дека поранешните советници на Трамп, Картер Пејџ, Сем Кловис и Џорџ Пападопулос, би можеле да имаат сомнителни контакти со Русија. Весникот „Вашингтон пост“ во овој контекст говори за „долгогодишен американски разузнувачки извор“.
„Поголем од Вотергејт"
Доколку владата на неговиот претходник Барак Обама ја наредила оваа инфилтрација, скандалот ќе биде „поголем од Вотергејт“, напиша Трамп на Твитер пред неколку дена алудирајќи притоа на истоимената афера во 1974 година,во која тогашниот републикански претседател Ричард Никсон мораше да поднесе оставка поради неовластено прислушување на припадници на Демократската партија.
Со неговите најнови напади, Трамп го засили постапувањето против Роберт Милер. Специјалниот истражител на ФБИ го истражува можното влијание на Русија врз претседателската кампања во САД во 2016 година и дали тимот на Трамп соработувал со претставници на руската влада. Русија и Трамп отсекогаш ги отфрлаа ваквите обвинувања.
'You're fired' - Жртвите на администрацијата на Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп ги отпушта високите функционери во Белата Куќа побрзо отколку што можете да кажете "covfefe“. Еве ја листата на неговите досега отпуштени соработници
Со твит на 22 март, Трамп најави дека го заменува Мекмастер со Џон Болтон како негов советник за национална безбедност. Почитуван генерал, Мекмастер најави дека се повлекува од армијата и од јавната служба. Трамп и Мекмастер имале различни погледи за бројни прашања.
Фотографија: Imago/photothek/F. Gaertner
Рекс Тилерсон
Поранешен директор на Ексон, Тилерсон беше државен секретар едвај повеќе од една година. Трамп го отпушти Тилерсон со цел да формира „нов тим“ во пресрет на разговорите со Северна Кореја, признавајќи дека со Тилерсон „имале недоразбирања за нешта“. Нивните односи отидоа по надолна линија откако Тилерсон го нарече Трамп „морон“ во 2017.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Ernst
Гери Кон
Ветеранот од Голдман Сакс, му беше главен економски советник на Трамп. Тој ги избутка даночните реформи во 2017. Но, Кон си поднесе оставка во март 2018 откако не успеа да го убеди Трамп да не воведува заштитни царини за увоз на челик и алуминиум.
Фотографија: Getty Images/D. Angerer
Хоуп Хикс
Таа поднесе оставка од функцијата директор за комуникации на Белата Куќа на крајот на февруари. Ден пред оставката, Хоуп сведочеше во Конгресот за мешањето на Русија во изборите. Призна дека кажувала „шарени лаги“ во корист на Трамп, но не во врска со Русија. Белата Куќа инсистира дека оставката не била поврзана со сведочењето.
Фотографија: Reuters/L. Millis
Роб Портер
Секретарот на персоналот на Белата Кужа поднесе оставка откако поранешните сопруги го обвинија за домашно насилство. Тој ги демантираше обвинувањата. Трамп го бранеше Порер, а американските медиуми се прашуваа како воопшто ги минал тестовите за вработување. Се шпекулира дека е во романтична врска со Хоуп Хикс.
Фотографија: Getty Images/AFP/N. Kamm
Стивен Бењон
Тој имаше клучна улога во победата на Трамп на изборите, но мораше да замине по само една година. Бењон се залагаше за економски национализам и ја промовираше стратегијата „Америка на прво место“.
Фотографија: picture alliance/AP Photo/A. Brandon
Ентони Скарамучи
Поранешниот хеџ-фонд инвеститор беше директор за комуникации само 10 дена. Трамп беше незадоволен од неговиот медиумски напад врз колегите од тимот на претседателот.
Поранешниот шеф на кабинет во Белата Куќа беше принуден на оставка само шест месеци откако дојде на функцијата, по јавниот судир со Ентони Скарамучи. Прибус беше еден од функционерите кои се противеле на именувањето на Скарамучи.
Фотографија: Reuters/M. Segar
Шон Спајсер
Спајсер имаше затегнати односи со претседателот, но и со медиумите, а поднесе оставка откако директно му кажал на Трамп дека остро се спротивставува на именувањето на Скарамучи за директор за комуникации на Белата Куќа.
Фотографија: Reuters/K.Lamarque
Мајкл Дубке
Поранешниот директор за комуникации на Белата Куќа беше принуден на оставка во мај 2017 година, откако беше критикуван поради слабата контрола на скандалот со руското мешање во изборите во САД.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/S. Walsh
Џејмс Коми
Претседателот Трамп го отпушти директорот на ФБИ, Коми- наводно поради лошото водење на истрагата за електронската пошта на Хилари Клинтон. Но, критичарите веруваат дека отказот се должел на истрагата на ФБИ за врските на Трамп со Русија.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/J. S. Applewhite
Мајкл Флин
Именуван како прв советник на Трамп за национална безбедност, Флин поднесе оставка во февруари 2017, откако беше откриено дека разговарал за американските санкции кон Русија со рускиот амбасадор во Вашингтон, уште пред доаѓањето на Трамп на функцијата, и го излажал потпретседателот Мајк Пенс за содржината на тој разговор.