Трамп во Ријад, дома продолжува истрагата за „руската врска“
ЖА
20 мај 2017
Додека претседателот Доналд Трамп стигна во Саудиска Арабија на својата прва странска турнеја, медиумите во САД фокусот го држат врз Белата куќа и врските со Русија. Екс-шефот на ФБИ, Џејмс Коми, ќе сведочи во Конгресот.
Реклама
Американскиот претседател, како што тврдат медиумите, на својата контроверзна средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во минатата недела, отпуштањето на шефот на ФБИ, Џејмс Коми од претходниот ден, го опишал како големо олеснување. „Поради Русија, бев ставен под голем притисок. Сега тоа е завршено“, изјавил Трамп. Весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на наводен интерен записник, пишува дека притоа Трамп за Коми го употребил изразот „луд човек“.
Ова дополнително ја вжештува дискусијата: дали Трамп со отказот на директорот на Федералното истражно биро извршил попречување на правдата, а кај критичарите се зацврстува сомневањето дека Трамп имал или има блиски контакти со руската влада.
Трамп и неговите соработници изминативе денови даваа различни и во голем дел противречни информации за причините за отстранување на Коми. Трамп самиот во едно интервју истакна дека со отпушатњето на екс-шефот на ФБИ ја имал во вид и „онаа работа со Русија“. Освен тоа, некои извештаи велат дека во февруари наводно Трамп го притискал Коми да ја прекине истрагата против бившиот советник за национална безбедност, Мајкл Флин поради неговите дубиозни контакти со Русија.
Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер не ги демантираше медиумските извештаи, упатувајќи критика кон Коми за „дигање прашина и политичко обременување на истрагата“, со што се создал „непотребен притисок“ врз владата на претседателот Трамп. Таа на овој начин била во значителна мерка ограничена во можноста да преговара со Москва за теми како конфликтот во Сирија и во Украина, како и борбата против терористичката милиција Исламска држава, а во овие прашања Трамп остапнува на својата цел - договор со Русија, изјави Спејсер.
Средбата на Трамп со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и рускиот амбасадор Сергеј Кисљак веќе претходно ги разбранува духовите. На неа наводно Трамп на руските претставници им предал строго доверливи тајни информации, кои се однесуваат на џихадистичката Исламска држава, а потекнуваат од пријателска тајна служба, која не дала дозвола за нивно проследување на Русите. Се претпоставува дека бризантните информации потекнуваат од Израел.
Трамп пак се наоѓа на својата прва меѓународна турнеја, која почнува во Саудиска Арабија. Во негова придружба се сопругата Меланија, ќерката Иванка и зетот Џаред Кушнер. Трамп ќе патува и во Израел, Ватикан, Брисел и Сицилија.
Овластувањата на најмоќниот државник во светот
Шефот на Белата куќа има најголема моќ во светската политика – барем така се верува. Но, дали е навистина така? Овластувањата на претседателот на САД се ограничени. И други актери играат важна улога.
Фотографија: Klaus Aßmann
Така вели Уставот...
Претседателскиот мандат во САД трае четири години, а претседателот може да биде реизбран само еднаш. Тој е шеф на државата и шеф на владата, односно управува со извршната власт. Задача на претседателот е да ги спроведува законите изгласани од Конгресот. Претседателот како највисок дипломат може да прима странски амбасадори и на тој начин да признава држави.
Фотографија: Klaus Aßmann
Кој кого контролира?
Трите власти - законодавната, извршната и судската - се поделени и се контролираат меѓусебно. Претседателот има право да помилува осуденици и да ги назначува федералните судии, министрите во кабинетите и амбасадорите на САД - но само со согласност на Сенатот. Ова е еден од механизмите со кои законодавната власт ги контролира активностите на извршната власт.
Фотографија: Klaus Aßmann
„State of the Union“
Американскиот претседател е должен редовно да го информира Конгресот за состојбата на државата. Тоа го прави ова во годишниот „говор за состојбата на нацијата“ („State of the Union“). Претседателот нема право да предлага закони на Конгресот, но за време на говорот може да наведе своите теми и приоритети. Со тоа тој може јавно да врши притисок врз Конгресот. Но, ништо повеќе од тоа.
Фотографија: Klaus Aßmann
Претседателско вето
Претседателот може да одбие да потпише закон донесен од Конгресот и тоа всушност неговото право на вето. Конгресот може да го отфрли претседателското вето само доколку обезбеди двотретинско мнозинство во двата дома на парламентот. Во историјата на САД се познати 1.500 случаи на претседателски вета. Од нив, само 111 (7%), биле успешно надгласани.
Фотографија: Klaus Aßmann
Сива зона
Уставот на САД и одлуките на Врховниот суд не даваат јасна слика за тоа колкава моќ има претседателот. Всушност, претседателот има право на уште еден вид вето, познато како "џебно вето". Под одредени услови, претседателот може одреден закон да со „стави во торба“ и со тоа тој станува неважечки. Овој тип на вето не може да биде надгласано во Конгресот. Овој трик бил користен скоро 1.000 пати.
Фотографија: Klaus Aßmann
Наредби со сила на закон
Претседателот на САД на членовите на владата може да им наметне одреден начин на однесување. Тој издава препораки, т.н „извршни наредби“ (Executive Orders), имаат сила на закон. Сепак, тоа не значи дека на претседателот сè му е дозволено: судовите можат да ги поништат наредбите, Конгресот - да ги сопре со соодветни контра закони, а следниот претседател може да ги укине.
Фотографија: Klaus Aßmann
Конгрес...
Претседателот има право да склучува договори со странски влади, кои потоа треба да бидат одобрени со мнозинство во Сенатот. Ова може да се избегне, ако наместо договор претседателот склучи еден вид меѓувладин договор т.е. „извршен договор“ (Executive Agreement). Ваквите договори се валидни се додека Конгресот не ги оспори или не ги укине со закон.
Фотографија: Klaus Aßmann
Кој може да објави војна?
Претседателот е врховен командант на вооружените сили на САД, но војна може да објавува само Конгресот. Сепак не е многу јасно колку војска смее да испраќа претседателот во вооружените конфликти без одобрение на Конгресот. По војната во Виетнам, Конгресот го усвои следново правило: претседателот може да ги користи надлежностите се додека Конгресот не ги оспори.
Фотографија: Klaus Aßmann
Ултимативна контрола
Ако претседателот ги надмине или злоупотреби овластувањата или изврши кривично дело, Претставничкиот дом, против него може да отпочне процедура за отстранување од должноста. Досега имало два такви обиди, но и двата завршиле несупешно. Сепак, постои многу ефикасен инструмент за да се сопре претседателското самоволие: тоа намалувањето на буџетот – што е во надлежност на Конгресот.