1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп ги повлекува трупите и остро ја критикува Германија

БГ/ ДПА
15 јуни 2020

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе повлечат половина од стационираните трупи во Германија, обвинувајќи го Берлин дека не си ги плаќа обврските кон НАТО.

US Präsident Donald Trump
Фотографија: Getty Images/AFP/N. Kamm

„Ќе го намалиме бројот на војници на 25,000“, изјави Трамп во Белата Куќа. Тој вели дека стационирањето на трупите во Германија има „огромна цена за САД“.
Трамп ја обвини Германија дека не си ја исполнува обврската да троши 2 отсто од БДП на одбрана, додавајќи дека дури и оваа бројка е премала. Членките на НАТО се согласија да трошат 2 проценти од домашниот бруто производ за одбрана до 2024 година. Но Германија веќе најави дека нема да успее да ја достигне оваа бројка.
Трамп ја обвини Германија дека не е фер кон САД и во однос на трговијата. „Ние сме повредени во однос на трговијата и во однос на НАТО. Тој обвини и други земји дека извлекуваат корист, но „Германија е најлошиот злоупотребувач“.
Понатаму, Трамп ја критикуваше Германија и поради енергетските врски со Русија. Се работи за гасоводот Северен тек 2 кој се поставува на дното на Балтичкото море и ќе ги поврзува Германија и Русија.
„Зошто Германија и плаќа на Русија милијарди долари за енергија, а потоа ние треба да ја браниме Германија од Русија? Каков е тој договор? Тоа не функционира“, вели тој.
Минатата недела германската влада соопшти дека била информирана за намерата на Вашингтон да повлече дел од своите трупи стационирани во земјата. Околу 34,500 американски војници во моментов се стационирани во Германија, како и дополнителен цивилен персонал.
Трамп долго се жали дека земјите-домаќини не плаќаат доволно за американските трупи, иако тие, според него, имаат повеќе корист од тие трупи од Вашингтон.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми