Со месеци, американскиот претседател се дистанцираше од маските како средство за борба против пандемијата на коронавирусот. За Доналд Трамп сега носењето заштитна маска е дури и некако „патриотски“.
Реклама
„Ние сме обединети во нашите напори да го победиме невидливиот вирус на Кина и многу луѓе велат дека е патриотски да носите маска ако не можете физички да се дистанцирате “, напиша Доналд Трамп на Твитер- додавајќи: „Нема никој кој е попатриот од мене, вашиот омилен претседател! “
Со овој твитот, Трамп ги ревидираше претходните изјави во кои ги отфрлаше заштитните маски како симболи на слабост. Сепак, неговата кратка порака остана далеку од тоа да биде јасна поддршка за засилените барања во САД за воведување на обврска за носење на маска во јавноста на сојузно ниво.
Со повторниот раст на бројот на инфекции со коронавирусот во неколку сојузни држави Трамп, кој се бори за реизбор на 3 ноември, е доведен под силен притисок. За разлика од него, неговиот демократски предизвикувач Џо Бајден со месеци носи маска во јавноста .
„Многу добар начин“ за изнесување позитивни вести
По растечките критики за неговиот кризен менаџмент, Трамп исто така планира да ги обнови своите редовни пресконференции за состојбата со Ковид-19 во САД - почнувајќи од денеска. Редовните брифинзи се „многу добар начин“ за изнесување на позитивни вести во јавноста, рече тој во Вашингтон. Во иднина, фокусот првенствено треба да биде на напредокот во потрагата по вакцина и на лекови за третман на Ковид-19.
До крајот на април, Трамп со недели речиси секојдневно учествуваше на пресконференциите на работната група за коронавирусот на Белата куќа. Неговите настапи понекогаш траејаподолго од два часа. Некои негови изјави на овие пресконференции му донесоа критики на претседателот - на пример, изјавата дадено во април дали вбризгувањето со средства за дезинфекција може да помогне во борбата против вирусот.
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Прво важеа за неефикасни и збунувачки, но се‘ повеќе земји во меѓувреме воведуваат правило за носење заштитни маски против ширењето на коронавирусот. За победоносниот поход на маските, започнат во Азија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
Фотографија: Imago Images/Sven Simon/F. Hoermann
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
Фотографија: Reuters/M. Svitok
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
Фотографија: AFP
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
Фотографија: picture-lliance/dpa/I. Yefimovich
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/A. Hasaballah
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
Фотографија: AFP/L. Robayo
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Venance
9 фотографии1 | 9
Повторно преку 60 илјади нови случаи
Инаку во САД седми ден по ред беа регистрирани над 60.000 заразени со коронавирусот. Како што соопшти доцна синоќа американскиот Универзитет Џонс Хопкинс, кој секој ден го пренесува билансот на заразени и починати во последните 24 часа во САД се заразени 61.288, а починале 448 лица, додека од почетокот на епидемијата се заразени 3,82 милиони, а од инфекцијата починале 140.922 Американци, наведува универзитетот.
САД кои се најпогодената земја во светот со коронавирусот, веќе седум дена по ред имаат над 60.000 новоинфицирани дневно, а минатиот петок регистирани се 77.638 заразени.Епидемијата особено се шири на југот и на западот од САД. Најпогодени сојузни држави се Калифорнија и Флорида.
Како уметниците работат со корона-маските
Носењето заштитни маски во време на пандемија стана вообичаена слика на улиците ширум светот. Уметниците се обидуваат да внесат различност и нудат поинакви модели на ист производ. Еве неколку примери.
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/H. Yan
Графити-маски
Меѓународната стритарт-сцена одамна ги откри белите заштитни маски како декоративен елемент. На фотографијата 16-годишниот стритарт-уметник С.Ф. со спреј работи на слика од голем формат на една тераса на покрив во Атина. Вакви мотиви се појавуваат во многу градови во Европа.
Фотографија: picture-alliance/ANE
Моден детал
И дизајнерите во меѓувреме посветено работат со новиот моден детал. Не сите нивни креации се во согласност со стандардите на СЗО. На неделата на модата во Њујорк, во февруари 2020 година, значи уште пред избивањето на епидемијата на корона во цел свет, оваа манекенка презентираше декоративна маска од нежен штоф, која во никој случај не претставува заштита од зараза.
Фотографија: Getty Images/NYFW - The Shows
Маски на модна писта
Дали овој модел од една американска модна куќа е соодветен за секојдневието? Во секој случај, додека се носеше на неделата на модата во Њујорк, таа делуваше повеќе како накит. Но, носење маска од штоф е се’ уште подобро од неносење никаква маска. Луѓето кои сакаат мода сега се обидуваат здодевните бели маски да ги направат индивидуални и декоративни.
Фотографија: Getty Images/NYFW - The Shows
Дизајнерски маски
Некои дизајнери ги открија маските како нов бизнис-модел за браншата која е падната на колена поради пандемијата. Млади, непознати, но и реномирани дизајнери во моментов создаваат и шијат маски полни со фантазија. Заштитните маски веројатно во музеј ќе завршат како Корона-мода од годината 2020-та.
Фотографија: Getty Images/S. Gallup
Да одговара на вратоврската
Мажите кои сакаат да се облечени стилски и далеку од актуелните модни трендови, и во корона-време настојуваат да прикажат едноставна елеганција. Една берлинска мануфактура за вратоврски нуди и маски кои одговараат на „пеперутката“. Некои од моделите се веќе распродадени.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Koall
Традиционални маски
Секоја германска покраина имаше различни правила за носење маски, а од 27 април маските се задолжителни во цела земја. Локални здруженија, кои ја имаат традицијата во фокус, ги користат маските и за регионална порака: „Домот е таму, каде што сум јас.“ Бо Баварија, се разбира, маските се карирани и во сино-бела боја - со мотив од кралот Лудвиг за мажите и на принцезата Сиси за дамите.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Hörhager
Еколошки маски
Кој смета дека модните детали се непотребна потрошувачка, може да посегне и по природни материјали. И, да направи маска сам. Важно е само да се покриени устата и носот. Еве како оваа девојка од Појасот Газа ја направила својата маска.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Abed
Уметност во доба на корона
Маските се одамна пристни и во делата на сликарите и скулпторите. Ги има насекаде - на слики, постери, скулптури... Полскиот скулптор Игор Миторај и’ стави заштитна маска на својата голема скулптура поставена на плоштад во Краков.