1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп жестоко нападнат како „неспособен“ и „безобѕирен“

ЕМФ / дв
25 октомври 2017

„Опасност за демократијата“, „недостоинствен“, „неспособен“ - американскиот претседател Доналд Трамп беше жестоко нападнат и критикуван од двајца сенатори од неговата Републиканска партија.

USA Präsident Donald Trump
Фотографија: Getty Images/A. Wong

Републиканските сенатори Боб Коркер и Џеф Флејк јавно го обвинија американскиот претседател Доналд Трамп дека ѝ го одзема достоинството на американската политика и му нанесува штета на американскиот углед во светот. Флејк пред Сенатот рече дека Трамп претставува „опасност за демократијата“. САД се откажаа од своите принципи за сметка на бесот и чувствата, оцени Флејк, додавајќи дека ефикасноста на САД како водечка сила во светот е доведена во прашање.

Џеф Флејк Фотографија: picture alliance/AP Photo/Senate TV

Флејк потенцираше дека не сака да биде „соучесник“ на еден „безобѕирен“ претседател. Затоа тој нема да се кандидира за изборите за Сенатот догодина. „Треба да престанеме да се однесуваме како да е нормално понижувањето на политиката и однесувањето на некои во владата“, рече 54-годишниот сенатор од Аризона во својот говор, кој предизвика големо внимание. „Тоа не е нормално“, заклучи Флејк.

Конзервативецот кој е познат како критичар на Трамп, го критикуваше „безобѕирното, нечуеното, недостоинствено“ однесување, како и „личните напади, заканите спротивни на принципите, слободите и институциите, непочитувањето на вистината и пристојноста“, како и „провокациите“.

Влијателниот американски сенатор Џон Мекејн му оддаде почит на говорот на Флејк и оцени дека сенаторот стои на принципите за кои се залага, притоа свесен дека за тоа ќе плати „политичка цена“. И Мекејн е познат критичар на Трамп од редовите на републиканците.

Боб КоркерФотографија: picture-alliance/AP Photo/J. Scott Applewhite

Претходно сенаторот Боб Коркер остро го критикуваше американскиот претседател. За Си-Ен-Ен тој изјави дека „Претседателот има голем проблем со вистината“ и дека шефовите на држави и влади во светот се свесни дека многу од она што Трамп го зборува „не е вистина“.

Освен тоа, Коркер, кој рече дека жали што на претседателските избори минатата година гласал за Трамп, го обвини американскиот претседател за намерно ги уништување на корисните за САД врски со светот. Трамп, според Коркер, се „покажа како неспособен за фнкцијата“.

Трамп на ваквите напади возврати преку Твитер и го нарече Коркер „некомпетентен претседател на Комисијата за надворешна политика“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми