Вториот самит помеѓу американскиот претседател Трамп и севернокорејскиот лидер Ким ќе се одржи во виентамскиот главен град Ханој. Плановите укажуваат дека помеѓу оваа и претходната средба има една клучна разлика.
Реклама
Дали на крајот резултатот ќе биде клучен, сѐ уште не може да се каже, но Доналд Трамп и Ким Јонг Ун барем постигнаа согласност за местото на својата следна средба. Самитот на американскиот претседател и на севернокорејскиот властодржец ќе се одржи во виетнамскиот главен град Ханој. Веста на Твитер ја соопшти Трамп.
Дека средбата ќе се одржи во Виентам, на 27 и 28 февруари, беше објавено претходно, но точното место на самитот досега не се знаеше. До последно предвид доаѓаше и крајбрежната метропола Да Нанг.
Трамп е првиот американски престедател кој се сретнал со лидер на комунистичката држава. Првата средба со Ким се одржа во јуни. Критичарите оценуваат дека самитот во Сингапур останал без конкретни резултати. Ким на таа средба нагласи дека е подготвен на „целосна денуклеаризација“, но немаше конкретни ветувања и рокови до кога Северна Кореја треба да се откаже од нуклеарниот арсенал и како би можеле да изгледаат возвратните постапки од американска страна.
Неделава американскиот специјален пратеник за Северна Кореја, Стивен Биген, имаше средба со севернокорејскиот преговарач Ким Хиок Чол за да ја подготви средбата на двајцата лидери. Трамп потоа на Твитер напиша дека разговорите била „многу плодни“. Освен тоа, тој оцени дека Северна Кореја има одлични економски изгледи и го пофали својот партнер од Пјонгјанг. „Под раквоодство на Ким Јонг Ун, Северна Кореја ќе стане извонреден економски центар. Тоа можеби за некои е изненадување, но јас нема да се изненадам, затоа што го запознав и сосема сфатив колку е способен“, напиша Трамп за човекот кого порано, не без потсмев, го нарекуваше „Rocket Man“.
За разлика од првиот самит, кој траеше само пет часа, Ким и Трамп во Виентам сега ќе се состанат два дена и имаат многу време за разговори. Набљудувачите сметаат дека времето за средбата дава основа да се заклучи дека лидерите сериозно ќе се зафатат со расчистување на посебно спорното прашање на денуклеаризација.
За што е способна севернокорејската армија?
Северна Кореја повторно го привлекува вниманието на светската јавност. Тестирањето на интерконтиненталните ракети наидува на остри критики. Земјата има една од најголемите армии во светот. Но, продолжува да се вооружува
Фотографија: Reuters/KCNA
Меѓу најбројните армии во светот
Севернокорејската армија има 700 илјади војници и околу 4,5 милиони резервисти. Речиси секој петти жител на земјата е во војска. Сите мажи во комунистичкиот режим мораат да учествуваат во воената обука. Поради тоа, Северна Кореја има двојно повеќе војници од соседната Јужна Кореја.
Фотографија: Getty Images/AFP/E. Jones
Различни воени орудија
Според податоците наведени во Глобалниот индекс за вооружување, Северна Кореја во 2017 година располага со 76 подморници, 5.025 тенкови и 458 борбени авиони. На оваа фотографија од 2013 година, лидерот Ким Јонг Ун е сликан во командната централа на армијата.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Воена парада
Севернокорејскиот режим секоја година ја демонстрира својата сила на воена парада во главниот град Пјонгјанг. Парадите воглавно се одржуваат за време на некој важен јубилеј на комунистичката земја или семејството Ким.
Фотографија: picture-alliance/dpa/KCNA
Интерконтинентални ракети
САД во четвртокот потврдија дека Северна Кореја успешно тестирала балистичка интерконтинентална ракета. Ракетата од типот „Хвасонг- 14“ е во состојба да ја погоди секоја цел во светот, јави државната новинска агенција КЦНА.
Фотографија: Getty Images/AFP/KCNA
Атомските проби продолжуваат
И покрај острите санкции, Северна Кореја продолжува со својата атомска програма. Само во 2016 година беа извршени пет нуклеарни проби. Јужнокорејскиот министер за одбрана Хан Мин Ко смета дека соседот наскоро ќе го изврши и шестиот тест.
Фотографија: picture-alliance/dpa/KCNA
Закана за светскиот мир
Кина и Русија се единствените земји кои се водат како сојузници на Северна Кореја. Режимот за главен непријател ја смета „империјалистичката сила САД“. Меѓу непријателите уште спаѓаат и Јужна Кореја и Јапонија.
Фотографија: Reuters/K. Hong-Ji
Крај на трпението?
По тестирањето на интерконтиненталните ракети на американското трпение му дојде крајот. Претседателот на САД, Доналд Трамп сака да најде решение со своите сојузници од Г20. Кина и Русија, во секој случај, сакаат да спречат американски напади врз воени цели во Северна Кореја.