Не игра никаква улога дали новоизбраниот претседател на САД е расист или не. Доналд Трамп сноси одговорност за поттикнување нетрпеливост, смета Инес Пол.
Реклама
За време на целата изборна кампања организациите за заштита на човекови права, како и групите кои се залагаат за правата на нерегистрираните доселеници, предупредуваа на тоа дека говорите на омраза на Доналд Трамп можат да ја доведат земјата на раб на граѓанска војна. И сега Трамп навистина и победи. Некои негови следбеници ја слават победата на својот идол на социјалните мрежи со „Хајл Хитлер“ или отворено повикуваат на етничко чистење. Групациите како „National Policy Institute" (НПИ) само неколку блока од Белата куќа победнички ги повикуваат медиумите на конференции за печат каде без задршка ја шират својата идеологија.
Говорниците на овие прес-конференции имаат фризури кои потсетуваат на онаа на лидерот на т.н. Трет рајх- Адолф Хитлер. Со широка насмевка на лицето објаснуваат како белиот човек конечно го зема назад она што му припаѓа. А тоа е водството над сопствената земја, САД, кои на крајот на краиштата и ги основале Европејци. Отворено зборуваат за тоа како белиот идентитет е загрозен од страна на мулти-културното општество. Тврдат дека политичката коректност и медиумите кои лажат се виновни за тоа што малцинствата имаат повеќе права од белата раса. Гласно бараат сите муслимани во земјата да се стават под надзор и да се воведат подрачја во САД на кои ќе им биде дозволен живот само на белци.
Напливот на социјалните медиуми е огромен, бројот на посети достигнува рекордни вредности. Толпата е како „пуштена од ланец“. И тоа е многу опасно за социјалниот мир во земјата. Низ политичките инстанци се шири страв дека, досега мирољубивите протести, би можеле да ескалираат во улични конфликти. Многумина се подготвени да се борат за својата иднина.
Одговорноста за ваквата состојба ја сноси Доналд Трамп. Во минатото тој демонизираше цели етнички и верски групи само за со разбудените стравови да ѝ даде поттик за неговата кампања. И само што беше избран, го поведе со себе во Белата куќа токму Стивен Бенон. Новиот стратешки советник на Трамп е јунак од десно-националистичката сцена. Идниот претседател и неговата екипа досега не се дистанцираа од Бенон.Основачот на НПИ, Ричард Спенсер, зборува како Трамп и неговите следбеници се тело, а тој и неговата идеологија мозок на новото движење. Мозок кој досега недостасуваше во проектот на Трамп.
Трамп: популист, могул, претседател
Тој е градежен претприемач, бестселер-автор, ТВ-ѕвезда, а сега и 45-ти претседател на САД. Во Трамп многумина гледаа комична фигура, но тој сега се вселува во Белата куќа.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Семејството, империјата
Во кругот на најмилите: Доналд Трамп со сопругата Меланија, ќерките Иванка и Тифани, неговите синови Ерик и Доналд јуниор, како и внуците Кај и Доналд јуниор III. Трите деца работат како заменици во „Империјата Трамп“.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Неговиот татко: Фредерик јуниор
Почетниот капитал за своите бизниси Трамп го добил од својот татко Фредерик. Тој на почеток му подарил еден милион долари, а по смртта во 1999 на Доналд и неговите три останати деца им оставил во наследство имот од 400 милиони долари.
Фотографија: imago/ZUMA Press
Милијарди заработени со помош на марката Трамп
Трамп инвестира агресивно, постојано доживува неуспеси, но долгорочно има успешен биланс, на пример со Кулата Трамп во Њујорк. Својот имот Трамп денес го проценува на десет милијарди долари. Експертите сметаат дека пореална е третина од оваа сума.
Фотографија: Getty Images/D. Angerer
„Многу добар, многу паметен“
Тао го вели Трамп самиот за себе, додавајќи дека студирал на елитниот универзитет Вортон во Филаделфија, каде се стекнал со бечелор-диплома во 1968. година.
Претходно неговиот татко го испратил 13-годишниот Доналд во воен интернат во Корнвол за да учи диспциплина. На крајот на школувањето се стекнал дури и со офицерски чин.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/
Со коскен шилец избегнат ангажман во Виетнам
Трамп меѓутоа успеал да избегне учество во војната во Виетнам. Спортскиот млад човек бил прогласен за неспособен за војска поради коскен шилец во петицата.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo
Првата сопруга: Ивана
Во 1977 година Трамп се ожени со чешката манекенка Ивана Зелничкова. Три деца се родени во бракот кој постојано беше во сенка на гласините за различни афери.
Фотографија: Getty Images/AFP/Swerzey
Семејство број два
Во 1990 година Трамп се разведе од Ивана и се ожени со својата втора сопруга, 17 години помладата Марла. Заедничката ќерка се вика Тифани.
Трамп не се покажуваше радо во јавноста само со својата жена, туку милуваше да се фотографира опкружен со „мисици“ од различни избори на убавици. Од 1996 до 2015 година тој беше главниот спонзор на изборот за Мис универзум во САД.
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Lemm
Како се прават пари
Како брзо да се заработат милиони? Книгата на Трамп „Начинот на склучување зделки“ дава упатства, таа е делумно автобиографска, делумно советник за амбициозни бизнисмени. Ова дело на Трамп не само што стана бестселер, туку и го стави авторот во фокусот на вниманието на јавноста.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Schwalm
Трамп во политиката
Трамп настапуваше во свое ТВ-шоу, се појавуваше пред камери, но со политика не се занимаваше. Но, на 16 јуни 2015 година најави учество во трката за избор на републикански претседателски кандидат. Неговиот слоган е „Да ја направиме Америка повторно голема“. Кампањата ја водеше со настапи со семејството и со навреди кон доселениците, муслиманите, жените и своите конкуренти.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Lane
Функција со достоинство
Дали популистот и шоумен сега ќе се претвори во предводник на слободниот свет?Многумина тоа не можат да си го замислат. Но, животниот пат на Доналд Трамп покажува: овој човек располага со преобразувачка способност на камелеон.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Ngan
12 фотографии1 | 12
Досега постоеја доволно причини да се тврди дека Доналд Трамп не е идеолог во класична смисла на зборот. Нему само му е важно да ги поттурне своите многубројни компании. Но токму поради тоа тука постои многу место за една идеологија која оди многу подалеку од обично ветување дека Америка „ќе ја направи повторно голема“.
Кај избирачите многу брзо ќе се појави разочарување и ќе дознаат дека новоизбраниот претседател не е во состојба да исполни голем број од предизборните ветувања. Ни работни места ќе паѓаат од небо, а ниту Мексико нема да плати за изградба на ѕид на границата со САД.
И тогаш на Трамп ќе му требаат жртвени јарци на кои ќе ја префли вината за своите неуспеси. Не е тешко да се замисли во кого во тој момент советникот Бенон и силните националисти ќе го вперат прстот: кон доселениците кои не се од Европа и на муслиманите. Историјата така лесно може да се повтори.
Карикатури за Трамп: Кога смеата е единствена утеха
Карикатуристи од целиот свет реагираат на победата на Трамп
Фотографија: L. Gäbel
Сексуален напад
Карикатурата на хамбуршкиот уметник Ленарт Гебел го обиколи светот за кратко време. Една агенција од Лос Анџелес поажа интерес за печатење на неговото дело на маици. Уметникот е среќен поради успехот и е сигурен дека и во иднина Трамп „ќе си дозволи“ одредени работи кои ќе послужат како мотив за него и останатите колеги од целиот свет.
Фотографија: L. Gäbel
Фризура број еден
Косата на следниот претседател на САД беше инспирација за многу шеги. Пред неколку месеци во јавноста излезе видео на кое е прикажана „фармата на Трамп“ за перики. Всушност, стануваше збор за поле со сено во Норвешка. Косата на Трамп исто така добро стои и на кокпитот на претседателскиот авион.
Фотографија: Twitter/@Knightcartoons
Африканска перспектива
„Имајќи ја предвид омразата на Доналд Трамп кон црнците ќе ја напуштиме земјата. Тој може да прави што сака со неа“ вели оваа карикатура од Абдулкарим Баба Амину, познат културен критичар, новинар и илустратор од Нигерија.
Фотографија: DW/Abdulkareem Baba Aminu
Дамата Слобода чука на вратата на Канада
Во паника и со загрижен поглед во очите, „Дамата Слобода“ чука на вратата на соседот - Канада. Карикатуристот Угрек ја црташе симбиличната фигура во многу различни анти Трамп карикатури.
Фотографија: Twitter/@ygreck
Без религиски бариери
Карикатуристот Гадо е еден од најпознатите илустратори во Африка. Тој во својата карикатура се осврнува на едно од ветувањата на Трамп во предизборната кампања кое гласеше: „Ветувам дека ќе го зачувам христијанството“. На карикатурата е прикажано како тој распнува муслиман на крст.
Секој може да биде претседател
Белгискиот артист Лектр креираше многу различни карикатури за Трамп. Оваа покажува дека за 8 години, идејата дека „Секој може да биде претседател“ се смени од оптимистичка мисла во причина за очај кај многумина.
Фотографија: Twitter/@lectrr
Агресивни графити
Погрдно претставување на Трамп веќе може да се забележи во Барселона. Шпанија, исто така, беше шокирана од неочекувааниот успех на републиканскиот кандидат „Невидената популарност и избирањето на њујоршкиот магнат ја остави половина планета без зборови“, напиша колумнист за шпанскиот весник Еј Пај.
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Lago
Куп од измет
Куп од измет околу кој кружат муви. На овој начин уличниот уметник Хенски го доживеа претседателскиот кандидат Донaлд Трамп уште пред да биде номиниран од републиканците. „Портретот“ од август 2015 година беше исцртан на ѕид од еден познат трговски центар во Њујорк.
Фотографија: picture-alliance/abaca/Van Tine Dennis