Односите на Барак Обама и Владимир Путин не се баш најсрдечни. Но Путин и идниот американски претседател Трамп се подготвени да стиснат на ресет-копчето.
Реклама
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот иден американски колега, според сопствени најави, стремат кон конструктивно партнерство. Во него спаѓа и борбата против меѓународниот тероризам и екстремизам, соопшти рускиот претседател по телефонскиот разговор на двајцата политичари. Разговорот се водел меѓу другото и за Сирија. Путин на Трамп во првиот телефонски разговор по изборите на 8 ноември му понудил партнерски дијалог, се вели во руското соопштение. Тој би се темелел врз взаемно почитување и немешање во внатрешните работи. Русија и САД мора да се вратат кон „прагматична кооперација од обострана корист“, која ќе ги има предвид интересите на двете земји, како и безбедноста и стабилноста во светот. Путин и Трамп имаат намера да го одржуваат телефонскиот контакт, а планираат и средба.
Сирија и Украина во фокусот
Тимот на Трамп во кусо соопштение објави дека републиканецот разговорот се водел околу редица теми. Притоа, станало збор и за заканите и предизвиците пред кои се наоѓаат двете страни. Трамп посакува силна и трајна врска со Русија.
Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата на 27 јануари 2017 година од демократот Барак Обама. Меѓу Путин и Обама во минатите години дојде до тензии, предизвикани првенствено од сирискиот конфликт, во кој рускиот претседател го поддржува сирискиот властродржец Башар ал-Асад, како и од анексијата на украинскиот полуостров Крим од страна на Русија. Меѓусебните односи дополнително се оптоварени со обвинувањата од Вашингтон за вмешување на Москва во американската предизборна кампања со недозволени средства.
Самиот Трамп со своите забелешки во врска со Русија за време на предизборната кампања предизвика изненаденост и скепса дури и кај републиканците. Трамп изрази восхит од Путин и се заложи за посилна соработка со Москва во борбата против терористичката милиција Исламска држава. Со тоа тој ја проби важечката линија на својата партија: водечките републиканци пледираа за поостар курс кон Москва.
Џулијани фаворит за министер за надворешни работи
Во меѓувреме од кругови блиски на Трамп се дознава дека поранешниот њујоршки градоначалник Руди Џулијани е фаворит за функцијата министер за надворешни работи. Во трка, според инфорамциите, е и поранешниот амбасадор на САД во ОН, Џон Болтон. Можно е Трамп уште деновиве да ги донесе клучните персонални одлуки. 72-годишниот Џулијани беше еден од најсилните поддржувачи на Трамп за време на изборната кампања. Но, наводно Џулијани повеќе бил заинтересиран да застане на чело на Министерството за правда.
Трамп: популист, могул, претседател
Тој е градежен претприемач, бестселер-автор, ТВ-ѕвезда, а сега и 45-ти претседател на САД. Во Трамп многумина гледаа комична фигура, но тој сега се вселува во Белата куќа.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Семејството, империјата
Во кругот на најмилите: Доналд Трамп со сопругата Меланија, ќерките Иванка и Тифани, неговите синови Ерик и Доналд јуниор, како и внуците Кај и Доналд јуниор III. Трите деца работат како заменици во „Империјата Трамп“.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Неговиот татко: Фредерик јуниор
Почетниот капитал за своите бизниси Трамп го добил од својот татко Фредерик. Тој на почеток му подарил еден милион долари, а по смртта во 1999 на Доналд и неговите три останати деца им оставил во наследство имот од 400 милиони долари.
Фотографија: imago/ZUMA Press
Милијарди заработени со помош на марката Трамп
Трамп инвестира агресивно, постојано доживува неуспеси, но долгорочно има успешен биланс, на пример со Кулата Трамп во Њујорк. Својот имот Трамп денес го проценува на десет милијарди долари. Експертите сметаат дека пореална е третина од оваа сума.
Фотографија: Getty Images/D. Angerer
„Многу добар, многу паметен“
Тао го вели Трамп самиот за себе, додавајќи дека студирал на елитниот универзитет Вортон во Филаделфија, каде се стекнал со бечелор-диплома во 1968. година.
Претходно неговиот татко го испратил 13-годишниот Доналд во воен интернат во Корнвол за да учи диспциплина. На крајот на школувањето се стекнал дури и со офицерски чин.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/
Со коскен шилец избегнат ангажман во Виетнам
Трамп меѓутоа успеал да избегне учество во војната во Виетнам. Спортскиот млад човек бил прогласен за неспособен за војска поради коскен шилец во петицата.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo
Првата сопруга: Ивана
Во 1977 година Трамп се ожени со чешката манекенка Ивана Зелничкова. Три деца се родени во бракот кој постојано беше во сенка на гласините за различни афери.
Фотографија: Getty Images/AFP/Swerzey
Семејство број два
Во 1990 година Трамп се разведе од Ивана и се ожени со својата втора сопруга, 17 години помладата Марла. Заедничката ќерка се вика Тифани.
Трамп не се покажуваше радо во јавноста само со својата жена, туку милуваше да се фотографира опкружен со „мисици“ од различни избори на убавици. Од 1996 до 2015 година тој беше главниот спонзор на изборот за Мис универзум во САД.
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Lemm
Како се прават пари
Како брзо да се заработат милиони? Книгата на Трамп „Начинот на склучување зделки“ дава упатства, таа е делумно автобиографска, делумно советник за амбициозни бизнисмени. Ова дело на Трамп не само што стана бестселер, туку и го стави авторот во фокусот на вниманието на јавноста.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Schwalm
Трамп во политиката
Трамп настапуваше во свое ТВ-шоу, се појавуваше пред камери, но со политика не се занимаваше. Но, на 16 јуни 2015 година најави учество во трката за избор на републикански претседателски кандидат. Неговиот слоган е „Да ја направиме Америка повторно голема“. Кампањата ја водеше со настапи со семејството и со навреди кон доселениците, муслиманите, жените и своите конкуренти.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Lane
Функција со достоинство
Дали популистот и шоумен сега ќе се претвори во предводник на слободниот свет?Многумина тоа не можат да си го замислат. Но, животниот пат на Доналд Трамп покажува: овој човек располага со преобразувачка способност на камелеон.