1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп и Путин ќе се сретнат во Хамбург

ЖА
3 мај 2017

Досега водеа само телефонски разговори, а сега американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот, Владимир Путин, договорија и лична средба на Г20 во Хамбург.

Donald Trump und Wladimir Putin
Фотографија: picture alliance/A. Lohr-Jones/A. Astafyev/CNP POOL/Sputnik/dpa

Американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на руската држава, Владимир Путин планираат своја прва билатерална средба на маргините на самитот на групата на 20 водечки индустриски и земји во засилен развој - Г20 во јули, во германскиот град Хамбург. Трамп и Путин во телефонски разговор, воден синоќа, договорија директна размена на мислења на Г20, како и заедничко работење на постигнување дипломатски напредок заради смирување на конфликтот со Северна Кореја, соопшти портпарол на кабинетот на Путин. Тој телефонскиот разговор го оцени како конструктивен. Покрај тоа, бил анализиран и конфликтот во Сирија, соопштено е од Вашингтон и од Москва. Трамп и Путин се изјасниле за ставање крај на насилството во Сирија и за заеднички настап и координација во борбата против  муслиманските екстремисти. Ова е прв разговор на двајцата претседатели по американскиот напад врз сириска воздушна база на почетокот на април, во која беа стационирани и руски војници. Нападот беше аргументиран како одмазда за наводната употреба на отровен гас против сириски цивили од страна на сирискиот властодржец Башар ал-Асад, сојузник на Русија. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми