1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Tramp „nema strategiju“ u Siriji

10 април 2018

Наводниот напад со нервен гас во местото Дума и настаните во Сирија се тема во германскиот печат. Претставници на Меѓународната организација за забрана на хемиско оружје испитуваат, САД се закануваат со нова интервенција

People at hospital after alleged chlorine gas attack in Idlib
Фотографија: picture-alliance/AA/M. Bekkur

САД и Запад ја обвинуваат сириската влада за извршен напад со нервен гас на 7. април во Дума, при што се убиени најмалку 70 луѓе, претежно деца и жени. Обвинувањата ги базираат врз тврдењата на т.н. Бели шлемови, група која себе си се нарекува Сириска цивилна заштита и досега воглавно беше финансирана од британското Министерство за надворешни работи. Претседателот на САД Доналд Трамп по тој повод на Твитер напиша дека рускиот претседател Владимир Путин, Русија и Иран се одговорни за поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кого го нарече „животно“. Трамп најави остра реакција на САД, а сириските трупи напуштија повеќе упоришта, очекувајќи воздушни напади. Свиканата итна седница на Советот за безбедност на ОН за темата помина во атмосфера на кавга меѓу САД и Русија, но без усвојување било каква резолуција, ниту пак договор за решавање на ситуацијата. 

Повеќе: 

Повлекување на САД од Сирија? Лоша идеја!

Сирија и триумфот на автократите

Војната во Сирија и грешките на Западот

Факт е дека уште не е разјаснето дали воопшто имало напад со нервен гас. Организацијата за забрана на хемиско оружје, ОПЦВ, задолжена да го истражи случајот, вчера издаде соопштение во кое пишува: „Генералниот директор на ОПЦВ, амбасадорот Ахмет Узумчи, изрази длабока загриженост поради наводниот напад со боев отров од 7. април во Дума, Сирија...Мисијата за утврдување на фактите моментно собира информации од сите расположиви извори за да утврди дали е употребено хемиско оружје.“ Русија ги нарече лажни вести сите извештаи за напад со нервен гас, а сириската влада ги отфрли обвинувањата на своја адреса. Еве што за ова пишуваат германските весници:

„Ни Вашингтон ниту Москва не би требало да гледаат свој интерес во натамошна ескалација“, пишува весникот Келнише Руншау: „Затоа, острите тонови кои сега се слушаат значат првенствено едно: ѕвечкање со оружје. Запад сигнализира дека нема да ја толерира секоја повреда на меѓународното право на секој диктатор; Москва сигнализира дека ќе го поддржи Асад по секоја цена, а Ерусалим - дека во никој случај нема да трпи дополнително ширење на иранското влијание во Сирија. Последната точпка е всушност таа опасната. Техеран претставува латентна опасност за Израел, ако заканата стане конкретна, бурето барут ќе експлодира.“

Весникот Франкфуртер Рундшау пак објаснува: „ Овде станува збор за еден друг фронт - оној меѓу Израел и Иран. За Израел сигналите на главниот сојузник во Белата куќа се сѐ попротивречни. Пред неколку дена, Доналд Трамп сакаше да ги повлече сите војници на САД од Сирија и дефинитивно да им го препушти теренот на Иран и на Русија. Но, од викендот тој наново се заканува со силна воена интервенција заради заштита на сириското население од идни напади со нервен гас. Сепак, ако се подвлече црта, американскиот претседател нема стратегија. Трамп би сакал сириското поглавие некако да го стави ак акта, а со тоа само ги влошува работите.“  

И весникот Рајнпфалц се занимава со улогата на Доналд Трамп: „Претседателот на САД е заробеник на своите желби. Војната ќе заврши, таа 'со нас' нема ништо. Се чини дека војната навистина е во завршна фаза. Но, таа е битно поврзана со идната улога на Америка во светот. Во најкобните противречности на Трамповата политика спаѓа тоа што американскиот претседател од еднастрана сака да го запре ширињето на влијанието на Иран на Блискиот Исток, но сака и го напушти теренот токму во Сирија. Или тоа САД сепак нема да го направат?“

Дневникот Нордвест цајтунг проценува дека „временската рамка за силна воена интервенција, која би можела да ја запре граѓанската војна, е затворена кога во Сирија се ангажираше Русија. Сега Французите и Американците додуша можат да фрлаат понекоја бомба, но сѐ што би одело подалеку од тоа, би значело војна со Москва.“

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми