1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп не гарантира мирно предавање на власта

ЖА / агенции
24 септември 2020

Кој уште пред избори радо зборува за можен пораз и неговите пследици? Но, Трамп остава отворена речиси заканувачка опција.

USA Präsident Donald Trump Wahlkampf PK
Фотографија: Tom Brenner/Reuters

Американскиот претседател Доналд Трамп и натаму не дава јасно ветување дека во случај на пораз на изборите, мирно ќе ја напушти Белата куќа. На прес конференција прво го заобиколи прашањето на новинарите дали по победа на неговиот демократски ривал Џо Бајден на 3 ноември, мирно би му ја предал функцијата.

„Ќе видиме што ќе се случи", изјави Трамп.

Веќе со месеци 74-годишниот претседател сее сомнеж во регуларноста на гласањето преку писма, кое со оглед на актуелната пандемија на коронавирус станува сѐповажно. Трамп постојано тврди дека гласањето по пошта ги зголемува шансите за фалсификување на изборите, но без да презентира докази за својата теорија.

Клучот кај Врховниот суд?

Сега Трамп настапи со теза дека исходот од изборите би можел да заврши пред Врховниот суд на земјата, па тоа е причина повеќе за важноста од повторно комплетирање на судот со девет члена. Прашањето за итна номинација на испразнетото место по смртта на досегашната судијка Рут Бејдер Гинсбург од пред неколку дена предизвикува жестоки дебати во САД.

Повеќе:

Октомвриското изненадување

Дали разочараните републиканци ќе го сменат Трамп?

Почина легендарната судијка на Врховниот суд на САД- Рут Гинсбург

Трамп би можел навистина да ја добие битката

Трамп инсистира на што поскоро пополнување на местото, додека демократите и одделни републиканци бараат да се исчека прво завршувањето на претседателските избори. Со назначувањето нов судија, Трамп би можел да ја цементира конзервативната ориентација на Врховниот суд кој брои девет судии. Од осумте судии по смртта на Гинсбург, петмина се сметаат за конзервативни. Судиите на Врховниот суд имаат доживотен мандат, а Трамп во текот на своето претседателствување успеа да пополни веќе две места.

Бајден не е изненаден

Демократскиот противкандидат на Трамп, Џо Бајден, не е импресиониран од изјавите на актуелниот претседател. „Во каква земја ли живееме ние", праша Бајден во Вилмингтон во сојузната држава Делавер, Трамп дава најирационални изјави кои него веќе не го ни изненадуваат.

Во јули Трамп во интервју за Фокс Њуз одби да одговори конкретно на прашањето дали би прифатил било каков и да е исходот од изборите. Не велам ни „да" ни „не", рече тој во таа прилика. Изборниот штаб на Бајден сега реагираше со истиот став како и летоска: „На изборите одлука ќе донесе американскиот народ. А владата на САД е во состојба да ескортира секого кој е неовластен во Белата куќа."

Додека многумина уште сега се радуваат на исклучително нереалната слика на исфрлање на Трамп од Белата куќа, други укажуваат на претседателските избори пред 20 години, на неделите меѓу тесниот резултат од изборите во ноември 2000. година и одлуката на Врховниот суд во декември, со која Џорџ Буш стана американски претседател.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми