Признавање на поразот? Се чини дека американскиот претседател Трамп и не помислува на тоа. Наместо тоа, инвестира три милиони долари за ново броење гласови.
Реклама
Доналд Трамп не се предава. Американскиот претседател побара делумно пребројување на гласовите во уште една сојузна држава - Висконсин. Според Трамп, во оваа американска сојузна држава би требало да се пребројат гласовите во Милвоки и Дејн. Според актуелниот резултат, предизвикувачот на Трамп, Џо Бајден, победи во Висконсин. Тој, според Едисон Рисрч, таму освоил околу 20 илјади гласови повеќе од Трамп.
Изборниот штаб на Трамп префрлил три милиони долари за пребројување на гласовите, соопшти Изборната комсија на оваа сојузна држава. Ново пребројување на сите гласови во Висконсин би чинело околу 7,9 милиони долари.
Трамп се’ уште тврди дека изборната поибеда му е одземена со помош на фалсификување наизборите. Во Милвоки и Дејн, како што соопшти неговиот изборен тим без да поднесе докази, имало „најлоши неправилности“.
Изборната комисија во Висконсин соопшти дека не се утврдени неправилности ниту во Милвоки ниту во Дејн. Во двата региона предноста на Бајден е голема. Тој, како што е соопштено, освоил 577.455 гласови, додека Трамп има 213.157 гласови.
Пребројувањето на гласови во Висконсин и на други места во САД во минатото не водеа до којзнае какви поместувања во односото на силите. Кога на претседателаските избори во 2016 година беа пребројани гласовите во Висконсин, Трамп доби уште 131 глас повеќе.
Светски лидери кои се’ уште не му честитале на Бајден
306:232 електорски гласови за Џо Бајден, велат конечните медиумски прогнози за исходот на претседателските избори во САД. Повеќето светски државници веќе му упатија честитки за победата, со неколку впечатливи исклучоци.
Фотографија: Jonathan Ernst/REUTERS
Рускиот претседател Владимир Путин
Портпаролот на Путин, Дмитри Песков, за новинарите изјави дека Кремљ ќе се воздржи од коментари за победата на Бајден се додека не се решат правните предизвици за изборите и резултатот биде официјален. „Таму претстојат одредени законски процедури, кои ги најави актуелниот претседател, затоа ситуацијата е поинаква, така што сметаме дека е правилно да се чека официјална потврда“.
Десничарскиот претседател изјави дека тој ќе биде првиот лидер во светот што ќе му честита на Доналд Трамп. Но, Болсонаро молчи за Бајден. „Мислам дека претседателот чека да се реши ситуацијата околу нерегуларните гласови“, изјави за новинарите потпретседателот Хамилтон Мурао. Болсонаро ќе му честита на Бајден „во вистинско време“ и ќе види што ќе се случи со тужбите на Трамп.
Фотографија: Marcos Corrêa/Presidência da República do Brasil
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор
Лопез Обрадор изјави дека тој е обврзан со уставот да не му честита на победникот се додека не се разрешат правните спорови, повторувајќи го својот претходен став. „Како може претседател на Мексико да стане судија и да рече:„ Овој кандидат победи“, изјави Обрадор изјави на прес-конференција. Тој кратко го спомена Бајден како „можен новоизбран претседател“, но нагласи дека Мексико не зазема страна.
Фотографија: Reuters/H. Romero
Севернокорејскиот врховен лидер Ким Јонг Ун
Нема рекција на победата на Бајден ниту од Ким. Севернокорејските државни медиуми од понеделник молчат за изборите во САД. Но, Пјонгјанг не спомна ништо нит за победата на Доналд Трамп во 2016 година, ниту два дена по неговиот избор. Во минатото, Ким го нарекуваше Бајден „будала со низок коефициент на интелигенција“. Бајден, во меѓувреме, го опиша Ким како „насилник“.
Фотографија: Reuters/KCNA
Словенечкиот премиер Јанез Јанша
Лидерот на десничарската и антиимиграциска Словенечка демократска партија, кој предвреме му честиташе на Трамп за победа на изборите, допрва ќе му честита на Бајден. Јанша ги повтори обвинувањата за изборна измама извршена од демократите. Тој сепак објави на Твитер дека Словенија се надева на „пријателски односи“ со Вашингтон.
На 13 ноември, Кина, преку портпаролот на министерството за надворешни работи му ја честиташе победата на Џо Бајден, речиси една недела откако тој беше прогласен за победник на претседателските избори во САД. „Ние го почитуваме изборот на американскиот народ“, рече портпаролот Ванг Венбин. Но, дали Бајден примил непосредна честитка и од кинескиот претседател, Ши Џинпинг досега не е објавено.