1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп против Бенон: Крај на чудовиштето Франкенштајн?

Мартин Муно
5 јануари 2018

По обвинувањата на Бенон против неговото семејство Доналд Трамп немаше избор освен да ги прекине односите со него. Тоа има значително влијание врз курсот на претседателот и Републиканците, смета Мартин Муно.

Donald Trump und Stephen Bannon
Фотографија: picture alliance/AP/dpa/E. Vucci

Одговорот дојде брзо и беше безмилосен:  „Стив Бенон нема ништо со мене ниту со моето претседателствување.  Откако доби отказ, тој не само што ја загуби работата, туку и неговиот разум," се вели во соопштението на америкнскиот претседател Доналд Трамп, кој најави и правни мерки проив Бенон. Ова е неговата реакција на неодамна објавените извадоци од книгата на новинрот Мајкл Волф со наслов: „Оган и бес: Внатре во Белата куќа на Трамп", чие излегување од печат беше планирано за следната недела, но ќе се појави уште денеска.

Во неа е цитиран Бенон, кој руските врски на синот на Трамп, Доналд Јуниор и неговиот зет Џеред Кушнер за време на претседателската кампања во 2016 ги оценува како „предавство, непатриотски чин и голема глупост.“ Поради наводните илегални контакти на неговиот изборен тим, Трамп со месеци беше под голем притисок на јавноста.

Со ова Трамп раскрсти со човекот кој го донесе во Белата куќа, откако тој разнишаната кампања на Трамп повторно ја врати во игра со деснопопулистички тон, а неодамна од магазинот „Атлатик“ беше окарактеризиран како „Чудовиштето Франкештајн" на Трамп.

Повеќе на темата: 

Бенон: „Ќе ја уништам опозицијата“

Стив Бенон, мрачната страна на моќта

Дарт Ведер во Белата Куќа

Приватна и политичка пресметка

Трамп имаше две причини да се пресмета со Бенон. Прво приватна: Бенон коментира во книгата за неговото семејство и меѓу другото ја нарекува Иванка Трамп „проста како грав". Познато е дека семејството му е светост на Трамп, нагласува во интервју за Дојче Веле неговиот биограф Гванда Блер, и дека не му верува никому освен на најтесниот круг на семејството. На Бенон мора да му е јасно дека неговите изјави за Трамп се најголема провокација и како што е Трамп импулсивен, реакцијата беше соодветно максимално деструктивна.

Мартин Муно

Другата причина е политичка, а со тоа и повеќе релевантна за сите надвор од кругот на семејството: го означува оддалечувањето на Трамп од десното крило на Републиканците. На крајот на изјавата на Трамп стои дека „има многу значајни републикански членови на Конгресот кои стојат зад агендата 'Америка повторно да стане значајна'".

Како и самиот Трамп, тие сакаа „да ја изградат земјата, наместо едноставно да се согори сѐ". Со ова Трамп отворено се става на страна на републиканскиот естаблишмент - групата која беше против Бенон уште од самиот почеток.

Ризичниот курс на Трамп

Причина за оваа промена може да биде и реизборот во сенатот во Алабама во декември во кој Бенон го поддржа десноориентираниот републикански кандидат Реј Мур. Резултатот е познат: местото во Сенатот во оваа јужна сојузна држава за прв пат по дваесет години е повторно во рацете на Демократската партија.

Трамп мрази вакви порази, и најмалку умерените Републиканци сметаа дека Бенон е целосно одговорен за ова. Сега Трамп, како променет радикал на „среднорочните избори" во ноември се потпира на старите партиски елити, омразени од многумина негови гласачи. Ќе се покаже дали е тоа успешен концепт или пак дали поддржувачите на „чудовиштето Франкештајн" ќе ја влечат партијата во амбис. Трамп се одлучи. Останува ризикот од неговата длабоко поделена партија. Тоа е најмалку добра вест за сите, кои мислат дека овој човек е несоодветен за Белата куќа.


 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми