1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Трамп: Пјонгјанг е поддржувач на тероризам

СН/ агенции
21 ноември 2017

Севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун останува омилен противник на претседателот на САД. По речиси помирливите тонови, Доналд Трамп сега повторно го заострува тонот.

Vietnam US-Präsident Donald Trump
Фотографија: Reuters/J. Ernst

САД повторно ја ставија Северна Кореја на листата на земји-поддржувачи на тероризмот. Ова требаше да се случи пред неколку години, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп за новинарите во Белата куќа. Овој потег овозможува да се наметнат дополнителни казнени мерки против комунистичката земја. Од друга страна, потегот во голема мерка е симболичен, бидејќи САД веќе масивно ја санкционираат Северна Кореја. Какви новите казнени мерки ќе бидат воведени против Пјонгјанг ќе објави Министерството за финансии на САД во текот на денешниот ден.

Тензиите меѓу Северна Кореја и САД се интензивираа во последниве неколку месеци по неколку ракетни и нуклеарни тестови на меѓународно изолираната земја.Двете страни си упатија бројни закани и засилено користеа воена реторика. Според сопствените наводи, Северна Кореја работи на проектили  кои можат да достигнат до копнената територија на САД.

Јапонија го поддржува планот мерки

Јапонија ја поздрави одлуката на Трамп. „Го поздравуваме и го подржуваме овој потег, бидејќи треба да го зголеми притисокот врз Северна Кореја", изјави за новинарите јапонскиот премиер Шинзо Абе во Токио. Според неговиот министер за одбрана, Егонури Онодера, сепак, нови провокации на Северна Кореја не може да се исклучат. Јапонија е директно загрозена од ракетните и нуклеарните тестови на Северна Кореја. Неодамна, соседната земја тестираше два проектили кои ја прелетаа Јапонија.

Голем чекор?

Трамп вложи напори за време на неговата посета на Азија за напредок во корејскиот конфликт. На пример, американскиот претседател ја поздрави одлуката на Кина да испрати специјален претставник во Пјонгјанг како „голем чекор". Во исто време тој изјави дека времето за решавање на нуклеарниот спор истекува „брзо".

Во меѓувреме, специјалниот пратеник од Пекинг веќе ја заврши посетата на главниот град на Северна Кореја. Двете страни разговарале за прашања од „заеднички интерес", меѓу кои и „ситуацијата на Корејскиот полуостров", јави кинеската новинска агенција Ксинхуа. Дали специјалниот претставник се сретнал со владетелот Ким Јонг Ун, остана нејасно.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми