1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп ризикува трговска војна со Европа и Кина

ЕМФ /агенции
2 март 2018

ЕУ се заканува со брзо возвраќање на ударот по најавата на американскиот претседател Трамп за воведување реторзивни (казнени) царини при увозот на челик и алуминиум. За збор се јави и Кина.

USA Trump vollzieht Kehrtwende beim Waffenrecht
Фотографија: Reuters/K. Lamarque

„Нема само немо да гледаме како нашата индустрија страда од нефер мерки кои загрозуваат илјадници европски работни места“, изјави претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер во Брисел. Комисијата ќе објави свој предлог-одговор веќе во наредните денови, кој ќе биде во согласност со правилата на Светската трговска организација (СТО). „ЕУ ќе реагира одлучно и одмерено за да си ги одбрани своите интереси“, рече Јункер.

Шефот на ЕК не даде конкретни информации за тоа како би можеле да изгледаат одмаздничките мерки. Експерти на ЕУ веќе со месеци работат на список на американски производи кои како реакција на изолациски мерки од страна на САД би можеле да бидат оптоварени со дополнителни царини. На тој список би можеле да се најдат, меѓу останатото, и бурбон-виски и мотоциклите „Харли Дејвидсон“, но и компири и домати од САД. Покрај санкциите, ЕУ би можела да реагира и со тужба во СТО, потег што веќе го сигнализираше еврокомесарката за трговија, Сесилија Малмстром.

Изутринава и Кина ги критикуваше најавите на американскиот претседател Трамп. „Доколку сите земји го следат примерот на САД, тоа ќе има сериозни последици за светскиот трговски поредок“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг.

Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul

Трамп - тврд како челик

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера уште еднаш стави јасно до знаење дека неговата политика „Америка на прво место“ ќе биде консеквентно спроведувана во делот на светската трговија. Тој најави реторзивна (казнена) царина од 25% на увозот на челик. При увоз на алуминиум пак, би требало да има казнена царина од 10%. Домашното производство мора да се заштити од евтината конкуренција од странство, оцени Трамп на средбата со претставниците на оваа бранша во Белата куќа. „Ќе добиеме повеќе работни места и пулсирачки претпријатија“, рече американскиот претседател проследен со аплауз од присутните претприемачи.

Повеќе:

Дали Европа може да профитира од протекционизмот на Трамп?

Светската трговија доживува бум и без СТО

По најавата на американскиот претседател, на берзите е веднаш забележан пад поради страв од далекусежни трговски конфликти.

Европскиот сојуз за челик Еурофер очекува американските казнени царини да доведат до драстичен пад на ЕУ-извозот. Се проценува дека е можен минус од 50%. Во моментов извозот има волумен од околу 5 милиони тони годишно.

Остри критики за курсот на Трамп упати и германската металска бранша. Со најавените казнени царини САД ги прекршуваат правилата на СТО, изјави претседателот на економското здружение за челик, Ханс Јирген Керкхоф.

Германија е осма на списокот земји кои извезуваат челик во САД. Според Министерството за трговија во Вашингтон, во периодот од 2011 до 2017 година германскиот извоз на челик во САД се зголемил за 40%.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми