1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСеверна Америка

Трамп сака да ја забрани ТикТок во САД

Ноткер Оберхојзер
1 август 2020

Видео-платформата ТикТок е омилена кај младите луѓе и има 800 милиони корисници ширум светот. Американските власти се сомневаат дека кинеската компанија и’ проследува податоци на кинеската влада.

TikTok
Фотографија: picture-alliance/dpa/Jiji Press/Y. Kurose

„Што се однесува до ТикТок, ќе ја протераме од САД“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите кои патуваа со него во претседателскиот авион Ер Форс Уан. „Имам таква моќ. Тоа може да го сторам со претседателски указ или на тој начин (со вид економско овластување)“, изјави тој.

Американскиот претседател планира да преземе мерки против видео-платформата уште во текот на денов.

Повеќе:

САД подигнаа обвинение против Хуавеи

Хуавеи и ЕУ: Без забрана, но со ограничувања

ТикТок е веќе забранета во Индија

ТикТок е меѓународна видео-платформа на кинеската компанија БајтДенс, која во Кина ја има цензурираната верзија Доујин. Американските власти изразија сомневања дека мрежата на кинеската компанија и’ проследува на кинеската влада податоци од корисниците, па поради тоа ТикТок одамна се соочува со политички отпор во САД. Во Индија платформата е веќе забранета. Поради отпорот во странство, компанијата се обидува веќе извесно време да ја оддели меѓународната платформа од кинеската верзија.

Видео-платформата ТикТок е особено омилена кај младитеФотографија: picture-alliance/F. May

ТикТок е омилена пред се’ кај младите луѓе и има 800 милиони корисници ширум светот. Во САД има околу 80 милиони корисници. Американскиот претседател Трамп пред новинарите стави јасно до знаење дека не е за тоа американска компанија да ја купи ТикТок во САД.

Вчера се појавија информации дека наводно американскиот концерн Мајкрософт е заинтересиран за купување на платформата. Агенцијата Блумберг ваквата вест ја објави повикувајќи се на лица запознати со прашањето. Претходно, американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео не исклучи можност за забрана на ТикТок во САД, наведувајќи дека преку платформата приватни информации од корисниците би можеле да завршат во рацете на Комунистичката партија во Кина.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми