Американскиот претседател со отровен сарказам го коментираше емотивниот говор на шведската активистка за заштита на климата пред ОН. Нивната случајна средба предизвика огромно внимание.
Реклама
По критичкиот говор на Грета Тунберг во врска со меѓународната климатска политика на американскиот претседател, Доналд Трамп ја исмеа ученичката: „Таа делува како многу среќно младо девојче, кое се радува на својата светла и прекрасна иднина. Колку убава глетка!“ се подбиваше Трамп ноќеска преку Твитер. Кон твитот тој сподели и видео исечок од говорот на Грета Тунберг пред ОН во Њујорк.
Во видеото се гледа видливо разгневената ученичка која остро ги критикува политичарите што со својата неактивност придонесуваат за предавство на нејзината генерација. Со треперлив глас и солзи во очите, 16-годишната Грета пред полната сала на Генералното собрание на ОН побара поголем ангажман од шефовите на држави и влади. „Ми го украдовте детството и соништата со вашите празни зборови. Страдаат луѓе, умираат луѓе, колабираат цели еколошки системи. Се наоѓаме пред масовно исчезнување, а вие зборувате само за пари и кажувате бајки за вечен економски раст. Не` оставате на цедило, но младите луѓе почнуваат да го согледуваат вашето предавство“, обвини младата Швеѓанка.
Американскиот претседател е познат како скептик во однос на промената на климата. Тој не присуствуваше на говорот на Тунберг, а на самитот не е предвидена нивна официјална средба. Но, една кратка и непланирана сцена зад кулисите на самитот на интернет предизвика голем публицитет. На видео се гледа како Трамп со својата делегација поминува низ ходник на седиштето на ОН. Тунберг стои на неколку метри оддалеченост. Додека претседателот Трамп не и` обрнува никакво внимание на Грета, таа го гледа со остар и сериозен поглед. Тунберг е иницијатор на младинското движење „Петоци за иднината“, кое минатата недела во цел свет организираше протест за заштита на климата, во рамките на кој на улиците низ цел свет излегоа повеќе милиони луѓе.
Карикатури за Трамп: Кога смеата е единствена утеха
Карикатуристи од целиот свет реагираат на победата на Трамп
Фотографија: L. Gäbel
Сексуален напад
Карикатурата на хамбуршкиот уметник Ленарт Гебел го обиколи светот за кратко време. Една агенција од Лос Анџелес поажа интерес за печатење на неговото дело на маици. Уметникот е среќен поради успехот и е сигурен дека и во иднина Трамп „ќе си дозволи“ одредени работи кои ќе послужат како мотив за него и останатите колеги од целиот свет.
Фотографија: L. Gäbel
Фризура број еден
Косата на следниот претседател на САД беше инспирација за многу шеги. Пред неколку месеци во јавноста излезе видео на кое е прикажана „фармата на Трамп“ за перики. Всушност, стануваше збор за поле со сено во Норвешка. Косата на Трамп исто така добро стои и на кокпитот на претседателскиот авион.
Фотографија: Twitter/@Knightcartoons
Африканска перспектива
„Имајќи ја предвид омразата на Доналд Трамп кон црнците ќе ја напуштиме земјата. Тој може да прави што сака со неа“ вели оваа карикатура од Абдулкарим Баба Амину, познат културен критичар, новинар и илустратор од Нигерија.
Фотографија: DW/Abdulkareem Baba Aminu
Дамата Слобода чука на вратата на Канада
Во паника и со загрижен поглед во очите, „Дамата Слобода“ чука на вратата на соседот - Канада. Карикатуристот Угрек ја црташе симбиличната фигура во многу различни анти Трамп карикатури.
Фотографија: Twitter/@ygreck
Без религиски бариери
Карикатуристот Гадо е еден од најпознатите илустратори во Африка. Тој во својата карикатура се осврнува на едно од ветувањата на Трамп во предизборната кампања кое гласеше: „Ветувам дека ќе го зачувам христијанството“. На карикатурата е прикажано како тој распнува муслиман на крст.
Секој може да биде претседател
Белгискиот артист Лектр креираше многу различни карикатури за Трамп. Оваа покажува дека за 8 години, идејата дека „Секој може да биде претседател“ се смени од оптимистичка мисла во причина за очај кај многумина.
Фотографија: Twitter/@lectrr
Агресивни графити
Погрдно претставување на Трамп веќе може да се забележи во Барселона. Шпанија, исто така, беше шокирана од неочекувааниот успех на републиканскиот кандидат „Невидената популарност и избирањето на њујоршкиот магнат ја остави половина планета без зборови“, напиша колумнист за шпанскиот весник Еј Пај.
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Lago
Куп од измет
Куп од измет околу кој кружат муви. На овој начин уличниот уметник Хенски го доживеа претседателскиот кандидат Донaлд Трамп уште пред да биде номиниран од републиканците. „Портретот“ од август 2015 година беше исцртан на ѕид од еден познат трговски центар во Њујорк.
Фотографија: picture-alliance/abaca/Van Tine Dennis