1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп се разделува и од својот правен советник

СН/ агенции
30 август 2018

Сега и тој мора да се замине: Дон Мекган се приклучува на долгата листа на соработници, кои предвремено мораа да ја напуштат Белата куќа. Правниот советник повеќе ја загуби довербата од претседателот Трамп.

USA Donald McGahn, Berater Donald Trump 2016
Фотографија: Reuters/B. McDermid

Американскиот претседател го најави скорешното заминување на правниот советник на Белата куќа, Дон Мекган, во момент кога истрагата на специјалниот обвинител Роберт Милер претставува сѐ поголема закана за Доналд Трамп и неговите соработници.

„Правниот советник на Белата куќа Дон Мекган ќе го напушти своето работно место на есен“, напиша Трамп во порака на Твитер.

Тој истакна дека долго соработувал со Мекган и оти ја цени неговата работи, но не наведе натамошни информации околу причините за неговото заминување ниту пак за тоа кој ќе го замени на функцијата правен советник на Белата куќа.

Повеќе:

-Трамп не трпи веќе противречење во Белата куќа

-САД: Први обвиненија за аферата со Русија и изборите

-Сешнс се брани од ударите на Трамп

Оваа објава се случува две недели по откритијата на весникот Њујорк тајмс според кои Мекган во голема мерка соработувал со истрагата, која ја води тимот на специјалниот обвинител Мулер околу сомнежите дека изборниот штаб на Трамп бил во дослух со Русија пред претседателските избори во САД во 2016 година. Трамп постојано критикува дека истрагата на Милер е лов на вештерки, а по објавувањето на текстот во Њујорк тајмс рече дела му дозволил на Мекган да сведочи и оти нема што да крие.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми