1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп смета дека во Сирија „линиите се пречекорени“

ЕМФ / дв
6 април 2017

По нападот во Сирија, во кој од отровен гас загинаа десетици луѓе, американскиот претседател Трамп го менува тонот. Планира ли целна воена интервенција против режимот на Асад?

USA Trump - Giftgasangriff in Syrien
Фотографија: Reuters/Y. Gripas

Со најновиот напад во Сирија „е помината цела низа линии“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон. Тој потенцираше дека му се променил ставот кон сирискиот претседател Башар ал-Асад. Нападот врз жени, деца и бебиња е ужасен. „Овој атак на режимот на Асад против човештвото не може да се толерира“, рече американскиот претседател.

Тој остави отворено дали и какви последици сега би следувале. Укажа на можни воени чекори, но истовремено потенцираше и дека дел од неговата политика е да не зборува предвреме за вакви акции. Сириската влада ќе добие знак, рече Трамп. „Тие ќе добијат во секој случај, верувајте ми.“

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел изрази надеж дека Вашингтон ќе се премисли во врска со Сирија. Тој рече дека е загрижен оти е можно концентрацијата на новата американска влада врз борбата против тероризмот „да доведе до договор со Асад“. Ако тоа веќе не е случај, „тогаш тоа можеме само да го поздравиме“, рече Габриел за вториот канал на германската телевизија (ЗДФ).

Советот за безбедност на ОН во меѓувреме во Њујорк без резултат ја заврши вонредната седница на тема отровен гас. Русија, како честопати досега, не се согласува со осуда на својот сојузник Асад. Заменикот руски амбасадор во ОН Владимир Сафронковпредлог-резолуцијата на СБ на ОН ја оцени како „набрзина подготвена и нетемелна“. Документот се заснова на сосема погрешни информации, објасни Министерството за надворешни работи во Москва.

Амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли, на седницата на Советот за безбедност со фотографии на жртвите во СиријаФотографија: Reuters/S. Stapelton

Во нападот на малиот град Хан Шеихун, кој е под контрола на бунтовниците, според наводи на активисти, загинаа најмалку 86 луѓе, а голем број се повредени. Според наводи на Светската здравствена организација, тие покажуваат типични симптоми на контакт со т.н. нервни гасови.

Со резолуцијата на СБ на ОН треба остро да се осуди нападот врз Хан Шеихун и се бара брзо разјаснување на случајот. Санкции не се предвидени, но тимови за истрага на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) треба да добијат детални податоци за воздушните напади на сириската армија, како и пристап до релевантни воени аеродроми.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми