Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа пред новинарите во Белата куќа изјави дека „би било интересно“ да се провери ваквата идеја - на луѓе директно да им се даваат инјекции со дезинфекциско средство заради уништување на опасниот вирус. Непосредно пред пресот на Трамп, еден владин експерт на конференција за медиумите објасни дека средства за дезинфекција брзо го уништуваат коронавирусотна пример на суви метални површини и на рачките на вратите.
„Постои ли некој начин да правиме такво нешто, преку инјекции или чистење... би било интересно тоа да се провери“, рече Трамп, со дополнување дека тоа сепак треба да им се препушти на лекарите, иако: „За мене тоа сепак звучи интересно“.
Според експертите, сапун, средствата за дезинфекција и за обелување предизвикуваат сигурно уништување на вирусот при надворешна примена, односно при миење раце и перење. Но, досега не постојат никакви проверено ефикасни медикаментиили техники кои можат да го уништат коронавирусот во инфицирани пациенти.
Вакцина нема, лек исто така. Експертите, во моментов, не се сигурни ни дека оние кои оздравеле од Ковид-19 се целосно заштитени од нова инфекција. Затоа е препорачливо јакнење на личниот имунитет среде пандемијата.
Фотографија: FotoliaДокажано е дека здравата исхрана го намалува ризикот од хронични болести како што се проблемите со циркулацијата, дијабетисот или со дебелината. Исто така, со здрава исхрана се намалува и ризикот од депресија и од анксиозност. СЗО потсетува - но тоа важи и без пандемија - дека треба да се остават алкохолот, цигарите и сите останати дроги
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. HeinzДодека спиеме, телото вредно работи: келиите се обновуваат, се отстрануваат отровите, се зацврстува помнењето. Како што покажаа истражувањата, недостатокот на сон влијае не само на физичката состојба, туку и на психичката. Недостатокот на сон нѐ прави поподложни на хронични болести. На поголемот број луѓе им се доволни 6 до 9 часа сон, но важно е да се спие во одреден ритам.
Фотографија: ColourboxДвижењето го исполнува телото со „хормоните на среќа“. Тоа овозможува подобро спиење, ги намалува стресот и стравовите, го зајакнува помнењето. Движење и спорт, па макар и дома - најмалку 30 минути дневно. Тренерите велат дека не важно како ќе ги поделите тие минимални 30 минути - можеби по 10 минути наутро, напладне и навечер? Кога можете излезете на свеж воздух.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. pedersenПријателите во овој период на социјална изолација поради коронавирусот се поважни од кога било. Социјалните мрежи се докажано добри за здравјето. Бидејќи излегувањата и собирите сега не се можни, речиси сѐ се одвива на интернет. Но, подобро така отколку никако.
Фотографија: picture-alliance/PantherMedia/D. CervoИзолацијата можеби е шанса да се заборави на светот и на надворешните вести. Размислите, што сакате веќе подолго да направите но никако не стигнувате? Нешто во градината, да испробате нов рецепт, да научите да плетете, да прочитате некоја книга која веќе подолго ве гледа обвинувачки од полицата? Сега е идеално време за тоа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene