1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп удира под појас

СН/ агенции
30 јуни 2017

Дека претседателот на САД испраќа гневни тиради преку Твитер, не е ништо ново. Но овојпат дури и водечките републиканци во Конгресот сметаат дека Доналд Трамп отишол предалеку- со еден „крвав“ испад.

US Präsident Trump
Фотографија: Picture alliance/AP Images/J. Locher

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер нападна телевизска водителка поради нејзиниот наводен естетски зафат. Тој напиша дека водителката од телевизиската куќа МСНБЦ Мика Бжежински „страшно крварела поради затегнување на лицето“ за време на посетата на неговото голф одморалиште на Флорида, Мар-а-Лаго. Во гневниот испад на Твитер, Трамп, истотака, го нападна и водителот кој ја води емисијата заедно со Бжежински, Џо Скарборо. „Слушнав дека на лошата емисија „Морнинг Џо“ лошо зборуваат за мене (не ги гледам повеќе)“, напиша Трамп на Твитер .. Тој, истотака, ја обвини „неинтелигентната Мика“ и „психопатот“ Џо оти „инсистирале да му се придружат“ во Мар-а-Лаго на прославата за Нова година. „Таа страшно крвареше поради затегнување на лицето. Реков не!“, напишаТрамп.

Тирадата на Твитер беше предизвикана од критиките за неговиот начин на раководење со земјата изречени за време на емисијата  „Морнинг Џо“. Околу 2 часа пред твитовите на Трамп, Бжежански во емисијата рече оти „не е нормално однесување“ ако еден лидер на Твитер пишува за изгледот на луѓето, малтретира, лаже, поткопува раководители и турка луѓе под автобус. Таа додаде дека, кога некој директор би се однесувал како Трамп, „би постоела загриженост дека лицето кое ја води фирмата полудело“.

По лутата и навредувачка реакција на Трамп на Твитер, Бжежински одговори со поставување на реклама за житарици за деца на која пишува „направена за мали раце“, алудирајќи на тврдењата дека Трамп има несразмерно мали раце со оглед на неговата конституција.

Џо Скарборо и Мика БжежинскиФотографија: Picture alliance/AP Images/A. Kropa

По неговите изјави следеа осуди од сите страни, па дури и од високи претставници на Републиканската партија во Конгресот. Претседателот на на Претставничкиот дом, Пол Рајан, изјавите на Трамп ги нарече „неумерени“ а многу подецидни беа други партиски колеги. Набљудувачите пак се сомневаат дека овие критики ќе го направат Трамп попристоен.

Инаку, Бжежански и Скарборо навистина го посетија неговиот имот на Флорида, но водителот рече оти тие таму биле поради интервју со претседателот на САД.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми