Американскиот претседател во екот на корона-кризата ѝ понуди апарати за дишење на Германија. Трамп се обидува да се извлече: предлогот за вбризгување средство за дезинфекција на луѓе против коронавирус бил – сарказам.
Реклама
На вчерашната прес-конференција во Белата куќа, претседателот Трамп изјави дека САД меѓу другото ќе им испратат респиратори на Мексико, Хондурас и Франција, и на Германија, „ако ѝ бидат потребни“.
Стравувајќи од недостиг од апарати за дишење во екот на епидемијата на коронавирус, САД порачаа респиратори во голем стил. Но, се чини дека тие не се сега потребни во толкава мера, иако САД се земја со најголем број потврдени случаи на Ковид-19и починати.Во меѓувреме, таму се регистрирани преку 890.000 заразени луѓе и повеќе од 51.000 смртни случаи како последица на коронавирусот.
Трамп последно предизвика вџашеност со своите предлози, да се испита дали на пациентите инфицирани со коронавирус може да им се даваат инјекции со средство за дезинфекцијаили евентуално да се третираат со зрачење, односно со ултравиолетови зраци. Тој се повика на сознанија според кои сончевата светлина и средствата за дезинфекција успешно уништуваат вируси, но тоа важи за вирусите на површините или во воздухот, а не во човечкото тело.
Медицинарите и здравствените служби не само во САД, туку и во светот, поитаа да предупредат да не се вбризгуваат или голтаат средства за дезинфекција. Самиот Трамп, по лавината негативни реакции, изјави дека неговиот предлог бил „саркастичен". Вообичаените дневни прес-конференции во Белата куќа за пандемијата на коронавирус по правило траат меѓу еден и два часа, дури и подолго, но вчера претседателот Трамп си замина по неполн половина час, без оглед што новинарите му довикуваа прашања.
Каде сѐ демне коронавирусот?
Коронавирус насекаде! Можеби дури и на пиперките, билетот за возење, сопственото домашно милениче. Што воопшто смеам да допирам? Ова вознемирувачко прашање си го поставуваат многумина. Еве неколку смирувачки одговори:
Досега познатите коронавируси остануваат опасни на површини како кваките околу четири-пет денови. Како и другите инфекции преку капки и SARS-CoV-2 се пренесува преку рацете и површините кои се допираат често во текот на денот. Иако вирусот е нов и затоа е прилично непознат, експертите сметаат дека и за него важат многу резултати од истражувања на други, веќе познати коронавируси.
Затоа, треба да се биде претпазлив и кога се руча во кантината на работното место - доколку таа одамна не е веќе затворена. Коронавирусите во основа можат преку кивање или кашлање на инфицирано лице да завршат на приборот за јадење или чиниите. Германскиот институт за проценка на ризици (БфР) меѓутоа пишува дека „досега не се познати инфекции со SARS-CoV-2 кои се појавиле со ваков начин на пренос“
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
Страв од увозна стока?
Дали родителите мора да се плашат од инфекција преку играчки од увоз? Не, велат од БфР. Досега нема случаи на инфицирани лица за кои е докажано дека се заразиле преку увезени играчки или друга стока. Експертите сметаат дека вирусите немаат голема стабилност при промена на животната средина. Предизвикувачот на болеста е опасен повеќе денови пред сѐ во услови на студ и голема влажност на воздухот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow
Пакети полни вируси
Коронавирусите кои го напаѓаат човекот не се особено стабилни на суви површини. Со оглед на тоа што стабилноста на вирусите надвор од човечкиот организам зависи од могу фактори, како темпертурата и влажноста на воздухот, БфР ја смета инфекцијата по пошта за „главно неверојатна“. Сепак, институтот признава дека сѐ уште не располага со точни податоци за SARS-CoV-2.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker
Вирусен пинг-понг со домашното милениче?
Дали моето куче може да ме зарази мене или јас да го заразам него? Ризикот домашните миленичиња да се заразат од коронавирус е оценет како низок од страна на експертите. Но, тој не може сосема да се исклучи. Самите животни не покажуваат симптоми, значи не заболуваат. Но, доколку се инфицирани тие може преку својот здив, плунка, повраќање, урина да го пренесуваат вирусот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/A. Tarantino
Опасен зеленчук?
Пренесување на SARS-CoV-2 преку контаминирани прехранбени продукти, според БфР, не е веројатно. Досега нема докажани случаи на инфицирање на ваков начин. Темелно миење на рацете пред подготовка на оброкот, и во времиња пред и по коронавирусот, е нешто што се подразбира. Со оглед на тоа што вирусите се чувствителни на топлина, загревањето на намирниците натамошно го намалува ризикот од инфекција.
Досега познатите САРС и МЕРС коронавируси не сакаат топлина, но се прилично отпорни на студ. Тие може да останат опасни дури две години на температури од минус 20 степени Целзиусови. БфР меѓутоа смирува: досега нема укажувања за ланец на инфекции со SARS-CoV-2 преку конзумирање храна, вклучително и замрзнати продукти.
Избувнувањето на КОВИД-19 има и едно добро: Кина забрани храна од диви животни. Сѐ укажува на тоа дека новиот коронавирус врз човекот е пренесен од лилјаци. Лилјаците за тоа не се виновни, зашто веројатно завршиле во супа против своја волја. Но, борбата против SARS-CoV-2 ќе трае многу подолго и ќе биде потешка од ослободувањето од храна од диви животни.