1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Законски измени за трансродовите лица

ДТЗ
28 април 2021

Две години по пресудата во Стразбур, со која државата требаше да исплати 9.000 евра отштета на лицето Х, македонската Влада предлага законски измени за матичната евиденција.

Nord-Mazedonien Skopje erste Pride Parade
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Трансродовите лица во Северна Македонија се на чекор до остварување на нивните барања за законски измени, со кои ќе им биде дозволено да го сменат полот во личната карта. Две години по пресудата на Европскиот суд за човекови права за случајот на лицето Х на кое државата требаше да му исплати отштета од 9.000 евра, Владата најавува измени на Законот за матична евиденција. Со нив, ќе се овозможи признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица, согласно позитивното меѓународно законодавство и почитувањето на човековите права.

-повеќе на темата: Трнлив пат до промена на полот и името

Подготовките за законски измени почнаа во февруари 2019 година, еден месец по пресудата на судот во Стразбур. С. Македонија на трансродовото лице Х требаше да му исплати обестетување за повреда на  правото на приватност и правото на ефикасен правен лек во текот на процедурите за промена на полот во земјата.

-повеќе на темата: Зад црвените светла на Skopje Light District: Тука сме за уривање на табуата!

Сегашниот Закон за матична евиденција не обезбедува јасна процедура за промена на ознаката за пол. Поради тоа, неусогласените податоци често знаат да им предизвикаат проблеми на трансродовите лица во секојдневниот живот, при аплицирање за работа и слично. Според здруженијата, во земјата има десеттина трансродови лица кои често се соочуваат и со нехуман третман, токму поради тоа што нивното име не соодветствува на полот. Предлог-законот кој овозможува признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица во наредниот период треба да влезе во собраниска процедура. Ако поминат предложените законски измени, врз основа на правосилно решение, Управата за водење на матичните книги ќе изврши промена на податоците за пол во матичната книга на родени.

 

#dw_BalkanBooster: „Немав избор“

02:26

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми