1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трговијата на мало во Грција стравува од нов удар

Викторија Клебер / ЕМФ21 септември 2015

Алексис Ципрас и неговата Сириза постигнаа јасна победа на изборите во Грција. Но, Грција и со Ципрас на чело не може да избегне спроведување на реформи. Со особено остри резови е соочена трговијата на мало.

Фотографија: DW/O. Gill

Фрини Пулопулпу никогаш немала толку празни полици. Продавницата за чевли „Странцали“ постои веќе 70 години - семејна фирма во центарот на Атина. Но сега госпоѓа Пулопулпу тешко доаѓа до нова стока, многу од есенските чевли не се стигнати:

„Сеедно колку пари имаме, во странство не може да се префрлат. На пример, не можеме да платиме за увоз на италијански чевли ниту за материјали од Италија“, вели таа.

Помалку стока поради контролата на проток на капитал. Таа е причина и за тоа што Грците веќе не трошат. Минатиот месец бил најлош во историјата на претпријатието. Во споредба со периодот пред пет години обртот е намален за 50 проценти.

Овде можете да го погледнете целото видео:

Празни полици, празни каси

02:11

This browser does not support the video element.

Грчкиот Институт за мали и средни претпријатија проценува дека во наредните шест месеци ќе мора да затворат околу 60.000 мали претпријатија во Грција, голем дел од нив од браншата на облекување. Браншата стравува дека ударот ќе биде уште поголем. Претстојат нови реформи кои мора да се спроведат. Треба да се олабави работното време, продавниците да бидат отворени и во недела. За Фрини Пулопулпу тоа би значело работење со минус.

Законот се‘ уште не е донесен, меѓу другото и поради борбата на синдикатите. Танос Василопулос, генерален секретар на синдикатот, објаснува:

„Она што им недостига на потрошувачите се пари, а не можности за купување во недела.“

Мислењата на граѓаните се различни. Еве дел од ставовите на минувачите во центарот на Атина:

„Би купувал во недела и мислам дека тоа на стопанството добро би му дошло, зашто така ќе се вработат и нови луѓе.“

„Не би купувал во недела. Освен тоа, вработените и онака се веќе под притисок - премногу работа за премалку пари.“

„Недела е ден кога луѓето треба да се одморат и да го поминат времето со семејството.“

Фрини Пулопулпу се‘ уште се надева дека ќе се причека со отворање во недела. „Странцали“, како што вели таа, веќе не може да поднесе натамошни давачки.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми