1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Трескавична потрага по уценувач кој затрул бебешка храна

БГ
29 септември 2017

Полицијата на југот на Германија трага по еден или повеќе осомничени кои се закануваат дека ќе стават отров во храната ширум земјата. Осомничениот бара милиони евра во замена за информација која храна е затруена

Lebensmittelerpressung - Behörden veröffentlichen Fahndungsfoto
Фотографија: picture alliance/dpa/O. Hanser

Уценувачот им испратил имејл на супермаркети и хемиски компании ширум земјата, со порака дека доколку не му исплатат откуп од 10 милиони евра, повеќе од 20 видови бебешка храна ќе биде затруена. Пораката била испратена и до полицијата. Полицијата не наведе конкрени имиња на ланци за храна, но уценувачот не ја исклучил можноста да затруе храна и во соседните земји.
Полицијата во Констанц соопшти дека пронашла пет затруени теглички со храна за бебиња во градот Фридрихсхафен. Уценувачот најавил дека ќе затруе 20 различни видови храна, па полицијата бара од граѓаните да бидат будни.
Објавена е и фотографија на човек за кој се верува дека ги затрул тегличките со храна во Фридрихсхафен. Полицијата смета дека човекот, на околу 50 годишна возраст, веројатно е уценувачот.
Во теглите бил ставен етилен гликол, течност која може да биде смртоносна во високи дози, но во помали може да биде излекувана. Најпозната е како главна состојка во „анти-фриз“ продуктите. Околу 100 милилитри од супстанцата можат да бидат критични за возрасни луѓе, и би предизвикала вртоглавица и можни сериозни оштетувања на некои органи.
На телефонската линија отворена од полицијата во рамките на истрагата, досега се јавиле повеќе од 650 граѓани со информации за можниот уценувач. Но, полицијата досега не успеа да го открие лицето, ниту неговиот идентитет.

Полицијата се сомнева дека ова е лицето кое става отров во бебешка хранаФотографија: picture-alliance/dpa/Polizeipräsidium Konstanz

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми